ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • Feyenoord – Nijmegen: T12+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » ВЕЧЕР ” ФИНАЛИСИМА” ПО ПАУЗА ОД 29 ГОДИНИ

ВЕЧЕР ” ФИНАЛИСИМА” ПО ПАУЗА ОД 29 ГОДИНИ

1 јуни, 2022 11:27 Коментарите се исклучени на ВЕЧЕР ” ФИНАЛИСИМА” ПО ПАУЗА ОД 29 ГОДИНИ
По пауза од 29 години, повторно ќе се одигра дуелот на фудбалските шампионите на Европа и Јужна Америка. Вечерва на „Вембли“ во Лондон ќе се сретнат Италија и Аргентина.
Натпреварот насловен како „Финалисима“, беше договорен минатиот септември, набргу откако УЕФА и КОНМЕБОЛ силно се спротивставија на плановите на ФИФА, Светско првенство да се одржува на две години.
Актуелниот европски првак Италија, ќе го пропушти мундијалот, а причината е добро позната, поразот од Македонија во полуфиналниот бараж дуел. Манчини утеха ќе бара во вечерашниот дуел пеортив Аргентина, во кој за последен пат во синиот дрес на Аѕурите ќе настапи Џорџо Кјелини.
Аргентина предводена од Лионел Меси ќе се обиде да ја продолжи серијата од 31 натпревар без пораз. „Гаучосите“ се во трка да го достигнат актуелниот рекорд кој е во сопственост токму на нивниот вечерашен противник. Имено Италија, имаше низа од 37 натпревари без пораз, која заврши во октомври минатата година, со поразот од Шпанија во полуфиналето на Лигата на нации.
Воедно Аргентинците ќе атакуваат на вториот трофеј во ова натпреварување откако првиот го освоија 1993 година кога ја победија Данска.
Инаку ова е само трето издание на „Финалисима Купот“, во кое прв победник е селекцијата на Франција која во 1985-година во Париз беше подобра од Уругвај.
Вечерашниот дуел меѓу Аргентина и Италија ќе започне од 20:45 часот.

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content