Со дуелот кој ќе се одигра помеѓу репрезентациите на Полса и Велс започнува забрзаниот ритам на лигата на на нации. Некои фудбалски имиња веќе упатија критики кон ова натпреварување дека се непотребни и исти се како пријателски натпревари, но за нас секако дека се од големо значење како и за секоја послаба фудбалска селекција низ Европа.
Ритам од 4 натпревари за нашите “рисови” започнуваме со Бугарија во Разград потоа уште едно гостување во Гибрлатар, потоа на арената “ТОДОР ПРОЕСКИ” со Грузија и Гибрлатар.
Целиот распоред и датите на одигрување е следен
02.06 Бугарија –
МАКЕДОНИЈА
05.06 Гибралтар –
МАКЕДОНИЈА
09.06 МАКЕДОНИЈА –
Грузија
12.06 МАКЕДОНИЈА –
Гибралтар
23.09 Грузија –
МАКЕДОНИЈА
26.09 МАКЕДОНИЈА –
Бугарија
ПРВОПЛАСИРАНАТА репрезентација ќе обезбеди пласман во „Б“ групите од Лигата на нации, а воедно ќе игра и полуфинале (читај бараж за пласман на ЕП) доколку не успее да се пласира преку главните квалификации.