Герет Бејл по девет години си заминува од Реал Мадрид, клуб во кој и со кој испиша историја, освои многу титули, имаше незаборавни, но и непријатни моменти, меѓутоа она што е јасно е дека неговото име со големи букци ќе биде запишано во книгите на овој клуб.
-Ја пишувам оваа порака за да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, од минатото и сегашноста, на моите тренери, стручниот штаб и на навивачите кои ме поддржуваа. Пристигнав овде пред девет години како млад човек кој сакаше да го реализира мојот сон да играм за Реал Мадрид. Да го носам беспрекорниот бел дрес, да го носам грбот на градите, да играм на Сантијаго Бернабеу, да освојувам титули и да бидам дел од она по што е толку познато, да се освои Лигата на шампионите.
-Сега можам да погледнам назад, да размислувам и искрено да кажам дека овој сон стана реалност и многу, многу повеќе. Да се биде дел од историјата на овој клуб и да се постигне она што го постигнавме додека бев играч на Реал Мадрид, беше неверојатно искуство кое никогаш нема да го заборавам.
-Исто така, сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез, Хосе Анхел Санчез и бордот што ми дадоа можност да играм за овој клуб. Заедно успеавме да создадеме моменти кои вечно ќе живеат во историјата на овој клуб и фудбалот. Ми беше чест, ви благодарам. Хала Мадрид, -напиша Велшанецот.