РФМ му се заблагодари на Левче Китевски кој беше директор на машки и женски репрезентации, ова е сигнал дека РФМ сака да менува некои работи внатре во струкурата на позициите околу извршување на обврските со ракомтените репрезентации.
Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот Директор на машки и женски репрезентации г-дин Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката.
Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија