И тоа се случува или се случи слаба селекција на Бугарија извлече бод со една силна и подобра Македонија. Реми кое треб брзо да се заборави, стартот на квалификациите не го дава и крајот или крајниот исход, па веројатно двомечот со Грузија ќе биде клучен кој до бараж за ЕУРО 2024.
Бугарија задоволна и посреќна, ќе биде интересно да видиме како ќе одиграат со Грузија после 3 дена, и дали може да се провлечат со уште еден позитивен резултат.
Одеднаш снемавме игра, сила на терен по изедначувањето на резултатот, два налета и после 20 минути мора да се признае конфузија, без шанса дури на крај и да го загубиме мечот, но ВАР не дозволи пенал за Бугарија и оправдана одлука, но што е со нас и нашата игра, големи осцилации, одредени имиња повеќе зборуваа што играа, како секој да бегаше од одговорност после израмнувањето.
Ако ова е тоа лошо на едни квалификации океј, ќе го пребродиме но ваквите падови ќе бидат пострашни со Грузија во двомечот кој веројатно ќе е одлучувачки за првото место во групата и бараж за ЕУРО 2024
Ајде момци потренирајте со Гибралтар, победете за самодоверба и ве чекаме во Скопје да заокружиме турбо ритам на лига на нации кои е луд и несекојдневен потоа со две победи во Скопје да имаме голем надеж за Септември дека можеме да завршиме 1 место во групата.
А овој натпревар не е вреден да се памти да го заборавиме сите што побрзо, џабе и статистика и игра кога понекогаш и тоа не е доволно за победа.