Грузија е пречка за уште една серија на бараж натпревари за едно големо натпреварување преку лигата на нации. Селекцијата на Грузија го има целото право да верува дека сме им должници и дека сакаат одмазда но ние сме Македонија, ние ја победивме Германија и Италија па така секогаш ни одговара ваквата поставеност на предигра пред дуелот во Скопје против Грузиците.
ШТО НИ ТРЕБА ЗА УШТЕ ЕДНО ПРВО МЕСТО ВО ГРУПАТА?
На изглед лесно дека можеме но почетното реми со Бугарија и демолирањето на Грузија на селекцијата на Бугарија сега сме во позиција против Грузија да одлучуваме и ни требаат 4 бода минимум , победа против Гибрлатар и Бугарија дома и ете сме таму во БАРАЖ ЗА ЕУРО 2024, но нема да биде лесно, можда од другата страна ќе имам помотивиран противник кој смета дека му должиме нешто, е тоа не смее да го прифатиме како такво, едноставно на терен подобар двомеч со Грузија во бодовна смисла не носи во бараж, тоа се 4 или бода, а одмаздата нека седи во главите на Грузија и Вили Сањол.
Фудаблските патишта на Македонија и Грузија одново се вкрстија во Лигата на нации, овојпат во групната фаза во Лигата Ц, што е еден ранг повисоко од првата пресметка која ја имаа овие два тима во финалето за влез на Европско првенство.
Осоколен од големата победа над Бугарија од 2:5, Квича Кварачелија сега говори за одмазда против македонската фудбалска репрезентација, која му го нанесе најголемото разочарување во неговата кратка кариера.
– Победата која ја остваривме на гостувањето во Бугарија носи голем мотив за сите нас во тимот. Тоа е посебно важно пред гостувањето во Македонија кое е многу важно за нас.
– Во Скопје патуваме со мисли за одмазда за оној пораз во Тбилиси. Сите знаеме дека Македонија ни е должник и сакаме да се реваншираме и да се одмаздиме. Ќе направиме се за да дојдеме до победа во Скопје, не криеме дека наша цел е да бидеме први во оваа група и да бидеме поблиску до пласман на Европско првенство, – вели крилниот напаѓач кој има 21 година за грузиските медиуми.
Натпреварот во Скопје се игра во четврток, а на истиот гостите ќе пристапат со завидна гол разлика од 9:2 на првите два меча кои ги одиграа во групата (2:5 над Бугарија и 4:0 над Гибралтар).