Кристијан Стојкоски го продолжи договорот !
Секогаш е добро кога ќе се вратиш во матичниот клуб и ќе освоиш трофеј, поголема мотивација за останување и продолжување на договорот и немаше и од и за двете страни. ФК Македонија Ќорче Петров работи на останување на костурот на тимот, впрочем и тоа беше и првата желба на тренерот Мухарем Бајрами по освоената куп титула, па сигурно е задоволен како течат сега засега работите.
Кристијан Стојковски:
– Голема беше желбата да играм европски натпревари со клубот од детството, така да лесно беше да дојдеме до договор со управата. Како и секогаш ќе давам максимум за да и следната сезона биде успешна за мене и Ѓорче.