- Вили Сањол:
” За мене нема освета јас не бев тука минатиот натпревар, се фокусирам на овие натпревари и овој циклус, ако го задржиме овој ритам, темпо и интензитет сигурен сум дека за 48 часа ќе се вратиме среќни во Тбилиси, така да нема значење за мене минатиот дуел помеѓу овие две селекции”.
Капитенот на Грузија Квекескири додава во однос на плеј оф натпреварот кој го загубија
Сеќавањата од финалето од плеј офот секако е свежо во нашите глави, тоа беше за нашата нација најважен натпревар но ете го загубивме, утре можам да кажам дека е поважен натпревар така го чуствуваме во тимот, атмосферата во тимот е одлична, се фокусираме на добар резултат, осветата е некако во втор план, но бевме разочарани по тој дуел кога веќе ме прашувате, но фокусот е да го задржиме првото место во групата. Играме со цело срце за нашата нација и се надеваме дека ќе ве израдуваме.
Вили Сањол:
Сите играчи се фит 26 играчи и 3 голмани вкупно 29 се спремни да одговорат на задачата тоа е најважно за мене како селектор.
Се уште стојам на тоа што го кажав, Македонија играше на европско, ја победија Германија и Португалија но овој циклус е се уште на почеток ова се само зборови, фудбалот е секогаш тоа што се случува на теренот, знаете тоа се само зборови па би сакал јас да грешам односно утре моите фудбалери да ме демантираат утре на теренот.