Во пресрет на утрешниот дуел против Грузија македонската фудбалска репрезентација имаше официјална прес конференција на арената”Тодор Проески” каде и ќе се одигра дуелот со почеток од 20:45 минути.
Нашата селекција со победа ќе ја преземе лидерската позиција на табелата и ќе направи голем исчекор за уште еден бараж сегмент на дуели за едно големо натпреварување.
На прашања на грузиските новинари
Благоја Милевски одговори:
– Ги анализиравме грузијците и не само дуелот против Бугарија, имаат одлична екипа, одлични индивидуалци но секој натпревар е приказна за себе.
– Тоа е дуел кој нема конекција со мене и не би се навраќал на плеј офот кој е одигран, што се однесува до тимот на Грузија мислам дека зависи и ние како ќе изгледаме, веќе напоменав дека се работи за добра селекција но Македонија ќе се прашува утре за исходот на натпреварот.
На прашање на македонските новинари
Благоја Милевски одговори:
– Да секако ова е една друга Грузија, нов селектор, нова концепција, начинот на игра сосема различен и важноста е голема на овој дуел но не се оптоваруваме многу, најважно е да дадеме максимумот кој треба да се даде утре на самиот натпревар.
– За утре очекуваме сосема различен натпревар од оној кој и ние и Грузија го одигра, одигравме со Бугарија.
– Кога играте во групна фаза секогаш е тешко секој дуел е важен и тежок но од особена важност, секој има свое мислење па сметам дека ова е следен натпреварза нас па и најважен.
Столе Димитриевски:
– Јас очекувам и се спремам на секој дуел да го дадам максимумот и да имам чиста мрежа. Грузија е одлична селекција која и доста напредна и даде доста голови, но и ние сме добра селекција и не ме плаши формата на грузиските играчи и сметам дека ќе дадеме максимум за победа без примен гол.