ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ
Да не се лажеме мораме да победиме, мора да демонстрираме игра и мораме да бидеме убедливи, зар не е време сега тоа да се покаже, и да не се лажеме на грузиските фудбалери им пишува на чело дека сакаат одмазда, како за нас беше така и за нив тој плеј оф натпревар кој носеше ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО. Вечер е да се биде или не, се лошо што беше и патувања и напор после сезона и лоша реализација со селекцијата на Бугарија и заспорената тактика беа во служба на овој дуел, и за нас овој дуел е баш бараж, барем ако го гледаме така ќе имаме мотивиација на највисоко ниво.
ГРУЗИЈА СЕ ЗАЛЕТА
Грузија дека се залета се залета, дека имаат подобар старт имаат, и тоа ги води напред на првото место во групата, САЊОЛ внесе свежина, ја подигна атмосферата и ги оживеа повторно надежите и сонот за Грузија да се најде на едно големо натпреварување. Залетанта форма на Грузија е на Милевски и фудбалерите денес да ги спречат во нивната намера а да го фатиме нашиот залет за првото место во групата, па момци се што треба е овие 90 минути пред полн стадион да направите полн погодок, а тоа е победа, игра, радост и после се да биде рутина остатокот од квалификациите па кога ќе дојде месец Септември една потврда дека сме подобри од овие селекции кои ни стојат на патот до уште еден бараж сегменет за едно големо натпреварување.
ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ
Да не се лажеме кога беше назначен Милевски за нов селектор на А фудбалската репрезентација јасна беше целта, да се најдеме на уште едно големо натпреварување иако споредбите ќе ги има, можда овде е потежок патот за разлика од Д дивијза кога бевме во лигата на нации. Но да не заборавиме падна Италија, падна Германија што значи изговори не смее да има, па да не се лажеме факт е дека бевме 90 минути до СВЕТСКО ПРВЕНСТВО и сега нема на што да се жалиме или посредуваме групи, секогаш на крај се ќе се сведе излагање на терен па кој победи тој добива се.
НАВИКНУВАМЕ БЕЗ ПАНДЕВ
Па кога имате име како Горан Пандев да не се лажеме тешко иде и со реализација и секако мора да се даде време да се навикнеме без него во нападот, не е лесно, секој експерт по фудбал ќе би го каже тоа, сигурно не е исто со него на терен и без него, но време за адаптација некогаш и нема, па се што треба покрај магијата на Милевски мора и фудбалерите да сфатат што значи да се носи националниот дрес, веќе кога покажавте дека можете и ја навикнавте јавноста на големи резултати и успеси на вас е да докажете дека не било ништо случајно, ни ЕВРОПСКО нити па големи победи над ГИГАНТИ селекции.
ШТО АКО НЕ ПОБЕДИМЕ, БАРЕМ ДА НЕ ЗАГУБИМЕ
Да не се лажеме со 4 бода и победа над Бугарија и Гибрлатар не носи бод предност пред Грузија на крај од овие квалификации, се што треба ако НЕ ДАЈ БОЖЕ имаме лош ден, лоша реализација е да не загубиме, во таква ситуација ќе биде само тероија првото место, и да мора да се навикне и Милевски и сите на критики од добронамерност во однос на тим, тактика и се што оди со една критика, до сега ги немаше поради период адаптација, па сега е време малку да заиграме фудбал и да победиме.
ТАКТИКА
Дали сме сиромашни или сме богати во тактизирањето ќе видиме по овие 90 минути односно па имаме играчи за ротација на повеќе позиции, барем кога не оди АЛИОСКИ знаевме да го видиме против Албанија во Струмица од лев бек во десен играч со офанзивни карактеристики, имаме ли фактор ИКС? па секако дека имаме, од АШКОВСКИ кој можда треба да има поголема слобода и офанизнви задачи на овој дуел, треба и браќата БАБУНСКИ да се разбудат со ефект на терен, голови и асистенции, за тоа треба да играат и треба шанси да видиме што можат да понудат. Спировски делува лабав но барем од она што треба да го игра сега засега гледаме дека ЛЕБДИ, и оној фактор ИКС во име на АДЕМИ кога е и кога не е на терен во средниот ред не сме иста репрезентација. Се што треба во овие повеќе од една година селекторување на Милевски мораме да го видиме на овој дуел, јавноста треба да види зошто е поставен на таа позиција, па селекторе се е на вас и тимот, храбро до победа и нова радост.
МОМЦИ НИ ТРЕБА ПОБЕДА, ПОВТОРНО ПОЛИТИКАТА НИ Е ЗА НИКАДЕ
Во овој хаос политички на грабање на се што може да се грабне единствено нешто што нас како МАКЕДОНСКИ НАРОД не спојува е успех, спортски успех, минатото покажало дека тоа е така скоро во сите спортови но фудбалот некако ни е најсвеж, е сега едни знаат да се кријат позади таков успех но најважно е дека народот во тие мигови заборава каде живее и тогаш не е поделен на вера, нација и политика, па во ова време на грабање и палење ни треба успех, во ова време на газење и спиење повторно ни треба спортски успех, пошто врие, лонецот врие на најјако, а гледаме дека реакции нема, и кога ги има гледаме што се случува, па само спортот, па само фудбалот се извинувам други спортови може да ги урне сите стереотипи на политички бариери и поделби кој за жал го краси и гнаси истовремено ова наше општество кое требаше да биде за сите, ама изгеда е само за големите федерации, големите играчи и големите политичари со мали нагони на желба за да се покаже и демонстрира сила, е затоа МОМЦИ е затоа СЕЛЕКТОРЕ ни треба победа бар на едно 90 минути додека трае и минимум уште толку да заборавиме колку сме во едно тешко општество за сите.
СИТЕ НА СТАДИОН
Сме критикувале, безброј емисии за корупција во фудбалот, во спортот, но секогаш во почеток и крај на една емисија на ПОЛН ПОГОДОК секогаш сме биле дека спортската подршка е се, без разлика за која федерација станува збор, или каков е нашиот стадион, фудбалерите и момците заслужуваат подршка и тоа полн стадион па нема изговори барем секогаш тоа го велиме и ќе го велиме, без разлика ние на кого му одговоараме како медиум или не, затоа сме ПОЛН ПОГОДОК тука за спортот но и за оние работи кои јавноста мора да ги знае, јас ќе бидам таму, барем на стадион е единственото место е каде што сум мирен а емоциите немирни понесени од адреналин за успех и добар резултат.
НИ ТРЕБА ПОБЕДА
АЈДЕ МАКЕДОНИЈА
АЈДЕ БАРДИ, ЕЛМАС, ЏАНИ, СТОЛЕ И КОМПАНИЈА ЛАДНИ ГЛАВИ ХРАБРА ИГРА И ПОБЕДА ЗА КОГО, ЗА МАКЕДОНИЈА…НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА СЕКОГАШ СМЕ БИЛЕ И ТОА ЌЕ ОСТАНЕМЕ.