МНОГУ СЕ ЖАЛИМЕ
Многу се жалиме на УЕФА правилата за оваа година на лигата на нации, да сите сме свесни дека е лудо ама тоа важи за сите, штом сите играат сите прифатиле, долги години дававме анализи дека ваквото натпреварување не носи бенефит на играчите туку финансиски за УЕФА да товари магарето и се покажа како точно, па веќе последната година сџлушаме од големи фудбалски познавачи дека покажуваат со прст дека лигата на нации е проблем за играчите и клубовите, замор, повреди, истоштеност, влијае на секој дел од фудбалскиот сегмент, и целта е 3 екипи да се најдат на евопското првенство, имавме среќа што во првото издание бевме ние, но сега гледаме што се случува не знаеме да се препознаеме на терен.
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ТИМОТ
Дали нешто се случува со тимот, видовме слаби моменти, но видовме и добри сегменети и ние односно стручниот штаб се држи само до добрите страни што сме го имале во поразот со Грузија, бледото реми со Бугарија но и успорената победа со Гибрлатар на гостински терен. Не знаеме но дека се е најсупер сигурни сме дека не е, се гледа како некоја заситеност или лесно не читаат другите селектори па се носат со нас, блесокот со Италија даде крила за нешто големо ова издание на лигата на нации, но брзо се спуштивме на земја, па сега најголема иронија ќе биде уште Италија да се најде на СП во Катар а ние да останаме онака со празни раце и да се одземе кредибилитетот на таква една голема победа. Португалија не чекаше да погрешиме и погрешивме, еден шут надвор од рамките на голот на Алиоски на тој натпревар покажа многу слабости и од таму ние играме се послабо и послабо.
ФИЗИЧКАТА СПРЕМНОСТ
Од памти век си имаме мака со спремноста физичка, па сега идеме на лудило од 4 натпревари во 10 дена, веќе кажавме за сите е исто, но што е со спремноста, кај нас брзо дипломираните нутри зналци, како и физички кондициони тренери од ЈУТЈУБ со посебните програми паднаа на испит овој циклус, што значи пред да дадеме критика за играчите јас би дал жолт картон за стручниот штаб, може многу ќе замерат ама некој мора да прикаже реална слика и секако ова е добронамерна критика. Кај нас на КИЛО на секој ЌОШ има зналци за исхрана, физичка спремност како и за што треба да се прави пред и после натпревар, штета не ангажиравме еден германец од стар ков да не спреми јако па да не се жалиме околу физичката спремност.
ЗАГРИЖУВА МИЛЕВСКИ СО ИЗЈАВАТА ОВА Е МАКСИМУМ
Скршен од поразот, зачуден на прес конференцијата селекторот Благоја Милевски потенцира дека во овој момент ова е максимум, ако знаеме дека не преферира играчи од домашно првенство тогаш стварно е загрижувачки дека ова е максимум, лесно не читаат, слабо играме, играме додека можеме да трчаме и кога ќе паднеме не снемува на терен, дупки насекаде па и гранитната одбрана од страна на ВЕЛКОВСКИ И МУСЛИУ очајна против Грузија, па што тогаш не добија повик на пример НАЈДОВСКИ и ТОШЕВСКИ од Тирана, засилена одбрана на десната страна и на штоперската позиција алтернатива. или не смее да се има конкуренција, и во една таква рокада да имаме одлична лева страна со Ашковски и Алиоски, вака Ашковски изгоре во оваа тактика на Милевски.
ЌЕ СЕ ИСПУКАМЕ СО ГИБРЛАТАР
Ќе се испукаме или ќе биде рутинска победа со една од најслабите селекции на светот ќе видиме денеска, но впечатокот и шансите се загубени, сега идеме на поголем предизвик регуларни квалификации каде ќе очекуваме противници и како ќе биде тој пат ако играме вака кажете ми вие. Рана на сол или малку за подигнување на атмосферата е денешниот дуел но факт е дека разочаравме а малку се пишува и дава анализи и критики, само спорадични моменти на незадоволство но како за една фудбалска нација како што се нарекуваме дека сакаме сите фудбал, многу слабо поднесуваме критика а сите сме гласни во ликување на победи и пласмани на големи натпреварувања, и да има луѓе што се среќни за овој пад, се смеат под брк сигурно тоа се гледа од АВИОН но тоа е нашиот МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ, на комшијата да му…
СИТЕ НА СТАДИОН…