Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за сезоната 2021/2022 го имаат и првото засилување, тоа е Христијан Пецов кој доаѓа од тимот на ФК Скопје.
Ако нждобро и не пратевте вчера сигурно знаете дека напоменавме дека заминувања и нови имиња ќе има во таборот на ФК Македонија Ѓорче Петров. Подготовките во 3 фази на релација Скопје – Маврово – Бнаско. Сите тимови од Македонија кој ќе не претставуваат во Европа со нетрпение очекуваат да видат како ќе поминат на ждрепката на 15 јуни.