ФК Вардар плови во немирни води, жртвуван за политика и после се ланската сезона никако немаа прилика да дојдат до бараж дуел, па коа ќе видиме џабе и поздравите на вештачкиот клув Воска Спорт кој се сликаше гордо и ќе го снема од фудбалската мапа, не им се дава пари, па за што тогаш тие па направија клуб. ФК Вардар во еден ден се збогува со 10 фудбалери па да видиме дали е ова добар знак и простор за други фудбалери да добијат прилика.
Во едно ФК Вардар и имаше добра младина но дали ја распрска по позајмици па као сметаме на вас, па не некако можда и клубот потфрли, можда само поединци од таа младина и добија прилика но едно е сигурно дека ќе гледаме сосема друг вардар за разлика од минатата сезона, е сеа дали ќе биде на арно или на неарно останува кога започне и единствената втора лига во која после години наназад ја добиваме како една реална слика за второлигашки фудбал.
Клубот објави дека ја завршија соработката и дека им посакуваат среќа на следните фудбалери:
Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона.
На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери.