По стартните и срамежливи трансфери кои се случуваат во мак фудбалот и оној на Бесарт Ибраими со тимот на Струга Трим Лум, во големо очекување беа македонските тимови кои обезбедија пласман во Европа. Ако се додаде фактот дека оваа година се брише коефициентот на ФК Вардар и успехот кој го направија, сериозно треба да поработиме на европски успех ако не сакаме да бидеме на најдолно ниво аутсајдери во извлекувањето наредните години.
Па за тоа какви противници добија или добивме и какви шанси имаат тимовите правиме мала анализа, стартуваме со тимот на ФК Шкупи:
Тимот од Чаир го доби тоа што сакаше им се падна, тимот на Линколн, наивен или ненаивен ќе видиме во двомечот, иако тимот од Гиблартар лани беше сензација и обезбеди групен пласман. Но за да биде поголема мотивацијата за Седлоски и Шкупи доколку го ја минат првата пречка, противник по мерка и мегдан во 2 коло, тимот на Динамо Загреб, е тоа би било луд натпревар и добар тест за македонскиот шампион.
Ќе биде вистински спектакл и мегдан доколку дојде шампионот да се надигрува со Динамо Загреб.
Одиме со тимот од Струмица, Академија Пандев некогаш се жалат, кога се горе на табела тогаш се е добро, и таму некогаш има чудни работи и некогаш се прашувам себе си дали Гранде Пандев знае што и како се случува, но има и други приказни од каде клубот наводно добивал финансии некогаш или понекогаш, не е тоа тема некако кај нас луѓето брзо забораваат но сепак завршија 2 место и можда овој пат имаат најтежок противник пред себе полскиот тим на Лехија од Гднаск.
Тежок противник, тешка препрека мора да се признае, нималку наивен тим, одлични навивачи, одлична екипа која е стабилна последните 5 години во полската лига екстракласа, па пандевци добија и таков пртовиник екстракласа, но тоа е два дуела кој ќе биде подобар ќе следиме и даваме анализи и коментари, тоа ни е работа тоа и го правиме, ина тимот од Струмица и на Чаирчани им посакуваме многи среќа и да го подигнат македонскиот коефициент во европски рамки.
Тимот на Шкендија кој имаше турбулентна сезона, падови па издигнување и на крај пак падови, но сепак Европа е тука имаат противник од Ерменија, тим кој веќе имал искуство со македонски екипи. Шкендија се уште се екипира како да изгледа следната сезона, но многу време и ќе нема затоа што првиот дуел од Европа доаѓа многи брзо.
Шкендија против Арарат, нималку наивен дуел за двата тима, и двата тима ќе сакаат чекор понатаму па тука може да гледаме тврди дуели каде можда и нијанси би решавале кој ќе помине понатаму, многу среќа и за тетовска Шкендија.
На крај нашиот куп освојувач тимот на Македонија Ѓорче Петров како да лебдеше во воздух тимот од ЦСКА Софија дека ќе биде препрека во европски рамки, барем нашите прогнози беа тие од кога листата се сведе на пет потенцијални противници. Ова значи дека легендата на белградски Партизан Саша Илиќ ќе биде тука во Скопје бидејќи е нов кормилар на бугарскиот славен клуб.
Првиот дуел се игра во Софија на 21 Јули во Софија додека реваншот е 7 дена подоцна на 28 Јули во Скопје. Дали може Ѓорче да се носи со овој тим на ЦСКА секако дека може иако се фаворити во овој двомеч, сигурно е дека лавовите имаат шанси. Ќе биде ова добар тренерски дуел помеѓу Мухарем Бајрами и Саша Илиќ, многу среќа лавови.
Од голема важност е што подобар пламна на нашите тимови оваа сезона во Европа им посакуваме многу среќа како и добри натпревари. Па кога веќе ги знаеме противниците да се надеваме дека нема да имаме потоп како минатите сезони и да покажеме дека фудбалски можеме да се надигруваме.