ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА РК ВАРДАР 27.06.2022
Вардар веќе и како име е осуден на пропаст, не само како ФК сега веќе и како РК, односно репрезенти на Европа во фудбалската лига на Европа, 3 пати Ф4 во женска конкуренција, 2 пати освојувач во машка конкуренција во ракомет. И ете денес на прес конференција на РК Вардар од страна на првиот човек Михајло Михајловски најави повлекување од клубот но не веднаш додека не дојде здрав човек да го води клубот со потенцирање дека секогаш ќе биде тука за РК ВАРДАР.
Првиот човек на РК Вардар се осврна и на проблемите кои неочекувано ги затекна клубот односно исфрлањето и неиграње во ракометната лига на шампиони, од најава дека е се ова бесправно и до тужби до ЕХФ, до подобра и ладна глава дека тоа може да наштети во иднина на било кој шампион. И во ЕХФ немало некоја голема дискусија, во 5 минути било решено РК ВАРДАР да е исфрлен од ракомнетната лига на шампиони идната сезона.
Првиот човек на РК ВАРДАР гласно кажа дека многу многу луѓе биле до него и со него во 2019 година за да се врати во неговото чедо кое е над 30 години, и дека ќе има секаква помош и дека не треба да се секира околу финансиите, но од спортски институции, советници за спорт, па и премиер останало само на збор, сите ги нема и снема односно на ветување сите силни но на дела РК ВАРДАР не доби никаква помош.
Играчите се тука, поголемиот дел ќе остане во РК Вардар и повторно ќе има тим кој ќе се бори за двојната круна иако ќе биде многу тешко, во тоа се сложија и Михајло и капитенот на РК Вардар Столе Стоилов. Тренерска смена принудна Дејвис е тука но само ако игра Лига на Шампиони, што значи дека заминува, негова замина е Недановски кој помина како помошник со сите досегашни тренери кои беа во РК Вардар.
Дали РК иде во сценарио како ФК, дали најавената помош која низ вода е пуштена и е само една обична лага од сите советници за спорт на влада, институции и државен ВРВ ова е показател дека ВАРДАР како име и бренд на МАКЕДОНШТИНАТА ќе се уништува и се уништува со сите сили, па дали ВАРДАР како име смета веќе во политички европски рамки со сите овие уривања на спортски план времето ќе даде одговори а до тогаш ние ќе се занимаваме со овие препреки за кои слушаме и се случуваат ненадејно.
Ве ОСТАВАМЕ без цензура како секогаш ПОЛН ПОГОДОК целата прес конференција на РК ВАРДАР да ја видите и чуете, самите донесете заклучок и суд, но тоа не го менува фактот дека лига на шампиони РК ВАРДАР нема да игра следна сезона иако е само единствента екипа со најголемите гиганти во РАКОМЕТОТ Германски Кил и Шпанска Барселона која гази во 3 години со по 2 освоени титули. Наместо спортот да биде главно национално чуство и најсилен амбасдаор на МАКЕДОНИЈА тој се уништува каде што ќе го боли секој кој знае што означува името ВАРДАР.
ПА АЈДЕ СПОНЗОРИ, АЈДЕ ВАРДАРЦИ, АЈДЕ СЛАВЕНИЦИ И ФБ СТАТУСИ ФРАЕРИ ајде сега му требаме сите на РК ВАРДАР…ајде ГОЛЕМИ КОМПАНИИ, АЈДЕ СПОРТСКИ ИНСТИТУЦИИ повелете покажете се дека ви е до спорт, дека ви е до 2 кратниот европски првак, ајде ако смеете и ако имате смелост покажете се, ИЛИ ќе го одберете патот да се скриете, да останете неми, и ќе се скриете кога е во прашање најголемиот спортски македонски бренд и се што оди со него, ВАРДАР е тука за сите, но дали вие сте за него?
Целата прес конференција и што беше кажано, прашано и одговорено повелете проследете ја на ПОЛН ПОГОДОК.