ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ РАБОТИ И НЕ ЗАБОРАВА НА СВОИТЕ ИГРАЧИ
ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Клуб достоен за респект особено по втората освоена куп титула, па во овој текст би напоменале дека сите клубови сакаат ама буквално сите клубови сакаат да се покажат и пофалат колку создаваат и сето тоа е проследено со сензации но еве ние нема да правиме сензации само ќе
нафрлиме факти кои се случиле во клубот секако мислиме на играчите.
Со голем респект и за останатите клубови, тука е фрлен акцент на една поголема слика и работа во клубот, каде имало добри и лоши денови, но каде ако задржувал и создавал тим, на нивното конто сигурно ќе имаше и плус некоја титула, но клубот секогаш негува најдобро за еден играч фудбалер па не пречел на патот кон кариерата, затоа и таа релација иде лесно да се вратат сите во својот матичен клуб, колку клуба на пример во Македонија може да се пофалат во овој сегмент, кажете ми вие.
Но ајде пред тоа кој дојде и кого се ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ враќа во своите редови, и зошто често пати пишуваме дека е потценет во неговата работа, во смисол на кредибилитет фудбалски а треба да добие огромен кредибилитет и благодарност за посветеноста на нивната работа.
Дел кои ги вратија и освоија куп титула и ги враќаат за следната сезона:
Кристијан Стојковски
Сефер Емини
Стефан Лазаревиќ
Емир Скендери
Фахрудин Ѓурѓевиќ
Арби Воша
Ова е во тек и по успехот доказ дека иако некој заминал од клубот, релација клуб играч секогаш добро функционира и ќе функционира што значи разделбата била како што треба па и сега враќањето на дел од фудбалерите.
Да не заборавиме на овие моменти дека од Ѓорче продефилираа и се создадоа и следните играчи:
Дарко Веловски
Столе Димитриевски
Матеј Цветановски
Кире Марковски
Даниел Аврамовски
Листата е долга и се се ова имиња со големи кариери каде од најмали нозе шутанле фудбал и се родила фудбалската љубов , се развивале, граделе кариера и на некои од нив повторно им се вкрстиле патиштата да го носат дресот на ѓорчевци.
Нема случајност и случајности во клуб како ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ поминат низ сито и решето, прав сегмент дека можеш да паднеш и станеш и повторно освоиш значаен трофеј.
Преодниот рок трае има заминувања и нови фудбалери, па полека и треба да се комплетира тимот, во Банско во Бугарија се заминува на 30.06. и тука тренерот Мухарем Бајрами веќе треба да ја создава сликата најпрво за ЦСКА СОФИЈА предизвикот а потоа и за нашето ново фудбалско првенство како и одбраната на купот.
За целосната слика на тоа дали трансферите завршија или ќе има уште пристигнувања и заминувања ќе напишеме пред дуелот за ЦСКА СОФИЈА каде ќе биде баш мегдан дуел ако се земе во предвид политичката и спортската ситуација помеѓу двете држави, два големи клуба, иако фаворити несомнено се ЦСКА СОФИЈА со новиот предводник Саша Илиќ, но и ѓорчевци имаат тренер кој на самиот старт покажува голема класа во името на Мухарем Бајрами.