Супер Мио во најголемиот предизвик во неговата кариера, впрочем и некој македонец да се најде во еден Шкотски клуб. Абердин е дестинација каде загриза за нашиот напаѓач, па добро робусен, финишер со глава, знае со нога, одлични партии во Унгарски МТК, и така некако ако те забалежат и се допаднеш на око скаутингот без оние мешетарски фори еве ја и шансата.
Неодамна беше потврден трансферот на македонскиот напаѓач Бојан Миовски во шкотски Абердин.
Она што е интересно од фан страните на фудбалскиот клуб Абердин има само позитивни коментари и впрочем големи очекувања да ги тресе мрежите, па може ли да се има поголема мотивиација да заиграте против Хартс, Глазгов Ренџерс или Селтик. Ги следиме и фан страните на Абердин од фановите како и коментарите, па сите коцки се поклопени сега само забрзување на подготовки во Шпанија каде што е шкотскиот тим и да почне лигата и да видиме колку гола ќе постигне македонскиот репрезентативец.
Младиот напаѓач во иднина ќе настапува во еден од најпознатите шкотски клубови. Со Абердин Миовски потпиша договор на четири сезони, а шкотскиот клуб го претстави во стилот на големите клубови.
Веќе Миовски се приклучи на подготовките на тимот во Шпанија и тој е петтото засилување во овој преоден за овој клуб. Во Абердин Миовски пристигнува после сезоната во МТК каде што постигна девет гола на 22 натпревари.
Со Среќа Бојан Миовски.