ФУДБАЛ И ЕКОНОМИЈА ИЛИ НЕКАКВА …НОМИЈА И ФУДБАЛ, ДРЖАВАТА МУВА НЕ ЈА ЛАЗИ ЗА СПОРТ И ФУДБАЛ И ЕВРОПСКИ ПРЕДИЗВИЦИ А САКА ДА НЕ ВНЕСЕ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА
Пази ваму лига од 12 тима, се газат цела година, некаде по ораници и копаници и некаде подобри услови играат фудбал, и види сега вака играат за да излезат во ЕВРОПА и кога ќе излезат во ЕВРОПА начекани на ПЕНАЛ каде нема ГОЛМАН на голот од страна на тоа што се нуди за да играш ЕВРОПСКИ ДУЕЛ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН.
Пази ваму идеме со ред ДРЖАВА која сакаш ЕУ, а за фудбал те заболе малиот прст од ногата, е па некого го боли баш поради тоа што вас не ве боли и мува не ве лази,
ИДЕМЕ јако појако во ОВА тешко време
На пример треба ли ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ да објави дека дуел од европски предизвик игра на комплекс терени при ФФМ ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ? Па да треба зарем не, кога државата нема сенс, а само дезинфекција е едно 3500 читај со БУКВИ – илјади евра на градски стадион, каде се обезбедување од едно најмалку 100 луѓе, па каква подршка даваме на македонските клубови и после сакаме публика, кога државата ама баш и е гајле, па што ако некој дојде до чекор до европски групи, ТОГАШ ќе се појавите низ ложите да се сликате, тепате за место кај да седнете, ДЕМЕК ВИЕ нели? Па за пример го ЗЕМАМ ФК Македонија Ѓорче Петров каде игра со најдобриот и најнационалниот клуб од БУГАРИЈА ЦСКА СОФИЈА, и наместо најмалку 10,000 гледачи да има да покажеме фудбалски сенс, државен сенс, па макар и да е глума ама барем да се обидете вас мува не ве лази државници кои не водите кон патот во ЕУ, па фудбалот е ЕУ, европските дуели и пресметки се ЕУ, не вашите пазари господа политичари.
АМА ЕХ АМА за жал 25.000 евра и 2,500 евра е голема разлика натпревар на Градски и на ФФМ, после маваме критки каде стигнеме од федерации до клубови ама важно преговараме за ЕУ, НОНСЕНС или без СЕНС за спорт сте, џабе ви спортски институции и пиони поставени кога не знаете како да се поставите и во една ваква ситуација.
ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ никој не бара ГРАТИС сите ама сите до еден МАКЕДОНСКИ КЛУБОВИ плаќаат, но дали треба ваков однос од државата кон клубовите па сите играле или ќе играат европски дуели, оваа година се тимовите на
ФК ШКУПИ
ФК ШКЕНДИЈА
ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Следната година некој друг клуб ќе е тоа, па ова се наши клубови македонски репрезенти во ЕВРОПА за оваа сезона, каде ви е чуството она спортското и сенсот за помош кога највеќе треба на спортот, зар ФК ВАРДАР НЕ ГО ИСКИНАВТЕ СО 27.000 евра плус ДДВ за европските натпревари?
ДА го искинавте на најјако, начекавте и го искинавте и пак со истиот однос сте кон нашите преставници од ЕВРОПА па кој е наш преставник во ЕВРОПА ГЛАСНО ПРАШУВАМЕ СИТЕ?
Османи или ФК ШКУПИ
Заев или АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Маричиќ или ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Ковачевски или ФК ШКЕНДИЈА
КОЈ, ај да се запашраме сите може?