ЛАВОВИ СЕГА ТРЕБА ДА ПУШТИТЕ КРИК, ИГРАТЕ ПРОТИВ ЦСКА СОФИЈА, САМО 31 ТИТУЛА ВО ПРВЕНСТВОТО НА БУГАРИЈА
Лавови сите чекавме КУП ТИТУЛА, сега на ред е Европа, се што се бара да има КРИК на терен како што ја освоивте титулата ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, па на крај ќе видиме каков резултат ќе имаме од првиот натпревар против ЦСКА СОФИЈА, е сега кога сме тука ајде малку една подлабока анализа како за мала мотивација да видиме против кого лавовите ќе се соочат во европскиот предзвик, клуб кој пред се сака да се врати на стари патеки, мотивација и желба и искуството е на нивна страна но кога сме кај мотивацијата можда, не можда сигурен сум ќе биде како и кај лавовите.
ЦСКА СОФИЈА
Клубот е основан 5 мај 1948 година, и е стар некаде 74 години, акциите на клубот се поделени на сега тројца сопственици
ДАНАИЛ ГАНЧЕВ (38,5 %)
ЈУЛИЈАН ИНДЏОВ (38, 5%)
ХРИСТО СТОИЧКОВ (20%)
Теренот е со капацитет од 23.000 гледачи или 5 помалку според официјалните податоци АРМЕЈСКИОТ стадион или воениот стадион, за навивачите и не треба нешто повеќе да се опишува, за ултрасите на ЦСКА СОФИЈА уште помалку, јасно е колку и тие си го почитуваат клубот. Но гледате еден од акциите е и Чристо Стоичков најголемиот бугарски фудбалер кој како што вели ЦСКА е дел од него и не може без самиот клуб.
АРМЕЈЦИТЕ или ЦРВЕНИТЕ како што сакаат да ги викаат нагалено ланската сезона ја завршија на 2 – та позиција позади ЛУДОГОРЕЦ тим кој го смени текот на бугарското првенство во последните 10 години, додека ЦСКА СОФИЈА се опоравува со проблемите што се соочуваше последните 10 години, па сега кога се над проблемите гледаме дека за тренер е поставено сериозно име САША ИЛИЌ легендарниот лидер на белградски ПАРТИЗАН. Па лавови ако ова се не ви е доволно мотивирачки за да дадете се од себе, ќе додадеме уште некој податок против кого играте.
ЛАВОВИ кога ќе излезете на 21 мај во вашиот КРИК на терен треба да знаете дека играте против клуб со голема традиција која позади тој клуб има
* 31 титула во нациналното првенство (најтрофеен клуб во Бугарија)
* 21 титула во националниот куп
* два пати полуфиналист во лигата на шампионите и тоа во годиние 1966 – 67, 81 – 82
Кога сме кај лигата на шампионите 4 пати и четвртфиналст и тоа во годините
1956 – 57, 1973 – 74, 1980 – 81, 1989 – 90
Ако ова не ви е доволно лавови на 21 ЈУЛИ да го извадите најдоброто издание на терен против кого играте и го извадите од себе најгласниот КРИК до сега ЦСКА СОФИЈА исто така има настапи и во лигата на европа или по старо КУПОТ НА УЕФА
во 32 екипи најдобри на ова натпреварување во годините 1984 – 85, 1991 – 92, 1998 – 99, 2001 – 02
Во фаза на групите во годиние
2005 – 06, 2009 – 10, 2010 – 11, 2020 – 21
Имаат и полуфинале во КУПОТ НА ПОБЕДНИЦИТЕ во сезоната 1988 – 89.
Па од сите овие податоци кои ги вадиме како мотиавција за тимот на ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ фудбалерите и стручниот штаб може да се забележи дека ЦСКА СОФИЈА сакаат и играат европски дуели и дека се присутни низ годините и декадите што го потврдува нивното реноме и фавортиската улога во овој дуел.
Знакот на ЦСКА СОФИЈА е менуван 18 пати од ЛАВ во црвена звезда во КРУГОТ на амблемот со тоа што сега и стојат 3 – те големи звездички, каде последната промена на амблемот е направен во 2019 – година.
Па лавови во чекање на 21 мај и првиот дуел кој ќе се одигра на ФФМ комплекс “Петар Милошевски”, ова е прв текст со кој сакаме да прикажеме на јавноста против кого играте и да ви дадеме мотивација плус дека доколку се случи чудо со лавовски КРИК да ја поминете ЦСКА СОФИЈА е рамно на успех како да сте успеале да влезете во групите на конфренциската лига.
Дуел во право време на ДВЕ екипи, ДВА тима, едната многу поискусна во вакви дуели, репрзент во Европски дуели многу повеќе од ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ но, секогаш ќе има но…додека не се излезе на терен, е тука лавови е вашата шанса, се тука запира, вие против нив, и тие против вас, нема да е доволно 90 минути, нити пак 180 минути лавовски крици за победа, потребно е 200 минути лавовска борба со крици да ве чуе целиот свет дека сте ја победиле тешката артилерија на ЦСКА СОФИЈА.
ЛАВОВИ ДО СЛЕДНАТА МОТИВАЦИЈА ПРЕД ДУЕЛОТ СО ЦСКА СОФИЈА, ДАЈТЕ СЕ ОД ВАС ЗА САМИТЕ ВАС А НИЕ СМЕ ТУКА ДА СЕ ПОКЛОНИМЕ ПРЕД ВАШИОТ ОБИД ДА НАПРАВИТЕ СЕ ДА НЕ ИЗРАДУВАТЕ КАКО ОСВОЕНАТА КУП ТИУЛА.