ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • FLAMENGO – AL HILAL: 3+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » ФУДБАЛСКИ ПАЗАР, ИГРАМЕ, НЕ ИГРАМЕ…ПОТЦЕНУВАЊЕ НА НАЈВАЖНАТА СПОРЕДНА РАБОТА ВО СВЕТОТ, И ТОА МОЖЕМЕ ДА СИ ГО УПРАПОСТИМЕ

ФУДБАЛСКИ ПАЗАР, ИГРАМЕ, НЕ ИГРАМЕ…ПОТЦЕНУВАЊЕ НА НАЈВАЖНАТА СПОРЕДНА РАБОТА ВО СВЕТОТ, И ТОА МОЖЕМЕ ДА СИ ГО УПРАПОСТИМЕ

5 јули, 2022 10:15 Коментарите се исклучени на ФУДБАЛСКИ ПАЗАР, ИГРАМЕ, НЕ ИГРАМЕ…ПОТЦЕНУВАЊЕ НА НАЈВАЖНАТА СПОРЕДНА РАБОТА ВО СВЕТОТ, И ТОА МОЖЕМЕ ДА СИ ГО УПРАПОСТИМЕ

Македонски фудбал, Македонска лига, кукање, лелекање, немање, плачење по судии, заговори, теории и на заговор, индиции за зналци дека има наместени мечеви, и што уште не сме слушнале и виделе во нашава лига, ама играње и потценување на најважната споредна работа во светот ФУДБАЛОТ, ај да се самоукинеме ако не, пазар прав пазар и циркуз се случува ова лето играме нема да играме, ќе идеме на титула, и што ли не видовме.

Каква најава за еден текст кој и не знам што понатаму да напишам, можам ама каде би одвело се ова, ФК Ренова со свои проблеми околу нивниот клуб, па заговорите кој ќе игра ПРВА ЛИГА?, па не мора никој бре да игра, свесни ли сте дека такви промени не идат така лесно, да има начин но само за илустрација како се поставува една лига е најсвежиот пример во Хрватска и нивната ХНЛ лига односно од 2023 -2024 значи година и половина даваат изгласана промена сега дека 9 – то пласираниот ќе игра бараж за опстанок во лигата, така да клубови не правете пазар.

Академија Пандев – Горан Пандев легенда исто како и Дарко Панчев и јас да сум на чело на ФФМ ако има нивна посета од тоа ќе си направам ПИ АР најјак макар да се дојдени за кавга во ФФМ, зошто го велам ова, абре црвен килим ќе постелам колку македноци освоиле ЛИГА НА ШАМПИОНИ, голем пробпем на клубовите а и не плаќаат портпароли за ПИ АР не им треба, се знаат, итн, но алудирам на тоа дека легенда како ГОРАН ПАНДЕВ во 24 часа сам се побива со изјавите, прво скаламуции на ниво на шпекулации дека нема да играат, потоа дека не е точно тоа било од кујната н ФФМ, за на крај да има спојување со ФК БЕЛАСИЦА. Чекај сеа што е точно тука, видовме соопштение кое беше со две реченици дека тие ќе бидат АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, се прашувам до КОГА??? Имам доста прашања на оваа тема и критики во однос на клубот но тоа би му посочил директно на ГОРАН ПАНДЕВ околу неговите луѓе, неговиот клуб само ќе завршам дека сликата на МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ е дека луѓето те ИЗЕДОА на секое можно поле и си поиграа со твоето име и презиме, за на крај да бидат сите други криви. Но дали ФФМ потпиша меница за да се земе кредит за да можете сега да се организирате за настап во европски рамки? Имам уште неколку прашања нека остане на ова сега, само посочувам колку си поиграа со твоето име, репрезент на најдобриот играч кој МАКЕДОНИЈА ГО ДАЛА, и ова е легендо само во добра конотација напишано иако ќе ти го посочат обратно.

Дајте луѓе или ќе играме фудбал, ќе следиме правила и ќе покажуваме на терен што знаеме или да се самоукинеме, немате здружение на прволигаши и второлигаши па после се некој друг ви е крив, не сами сте, сме криви…како жесток критичар кон ФФМ за одредени работи каде сите луѓе фајтери и луѓе кои си поделија позиции свиткаа опашот…од коа некој политичар ги закопа со лаги па се компензираа сега се некој друг е крив а тој кривец е најчесто ФФМ. Многу нејаснотии во ова лелекање и кукање но ако го има ама не смее тоа да не однесе да правиме сточен пазар од МАК – ФУДБАЛОТ каде лигата ни е премногу слаба и сите знаеме дека од година во година е послаба а збориме за развој, инвестирање, трансфери, итн, итн…па само видете ги ова лето МАК ТРАНСФЕРИТЕ, платите кои се нудат, веќе на рака и да нема клуб кој може да дозволи да земе, па секој радо би одиграл во лигите во регионот него во нашата…сите сме криви за таа состојба…нема една страна или втора страна крива, сите сме виновни.

Ај за сега е доста, имаме уште нешто да кажеме (секад имаме) и тоа не е малку што го имаме да кажеме но како што рековме тоа другпат, околу инвестирање на македонски клуб последниве на пример 2 години, кој давал и да е легитимно по мене е скандалозно од повеќе аспекти но за тоа што знам коа ќе дојде време, (ако дојде време) сега ми е најважно нашиот фудбал да не биде пазар на кукање, молење и откажувања од лига поради x причини,

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content