Дојде Господинот Томас Бах фрчеа слики за ОЛИМПИЗАМ но кај нас реалнсота за МОК и ОЛИМПИЗАМ е сосема поинаква, барем оние упатените кои знаат што се случува особено кога ќе се спомне поимот ОЛИМПИЗАМ, па по сите случувања кои будно ги следеше веќе новиот работник при ЛЕН, Александар Маленко со диреткни прашања кон МОК кои треба да се дадат тежина кога е во однос на критериумите по кој се бираат спортистите, иако МИ порано имаа поголема важност за големите земји како за припреми на едно големо натпреварување, последната деценија гледаме дека земјите испраќаат 2 или 3 постави да искусат меѓународно искуство, но кај нас кои оди како оди и зошто оди…на едно се надеваа но нешто изгледа при МОК резултатски не излезе како што треба иако ќе се обидат да кажад дека било се перфектно, па во целост постот од социјалните медиуми на АЛЕКСАНДАР МАЛЕНКО кон МОК, па по нивното враќање ПОЛН ПОГОДОК ќе испрати официјална покана до МОК и Даниел Димевски за ТВ ДУЕЛ со Александар Маленко.
Прашања јавно поставени (согласно правилник и критериуми за учество на македонска олимписка репрезентација на интернационален официјален натпревар)
до Претседател на Олимписки Комитет, Извршен Потпретседател,Спортски Директор и членови на Управен Одбор на Олимписки Комитет на Македонија,впрочем тоа е минимум обврска согласно Ваша функција.
1. Кој одредува критериум за настап по олимписки спорт на Медитерански Игри,надлежна олимписка федерација или Вие по Ваш избор?
2. Ќе покажете јавно ваша одлука донесена на МОК-Управен Одбор за квота учество на МКД спортисти на Медитерански Игри пред да биде официјално пријавување на МКД олимписка репрезентација?
3. Ќе покажете јавно список на пријавени учесници со акредитации по олимписки спорт и нивна функција за време на Медитерански Игри-Оран,2022г ?
4. До каде е проект наречен “златен олимписки денар” и дали јавно ќе покажете извод од финансиски средства добиени од продажба на Олимписка Македонска Спортска опрема-Токио,2021г преку интернет продажба?
5. Ќе покажете ли јавно каде го искористивте спортски ваучер -12.000.000ден за 2022г добиен од Држава со намена за финасирање врвен спорт и млади таленти?
6. Ќе покажете ли јавно список на олимписки млади стипендисти и критериум по кој истите се одредени ?
7. Дали знаете што претставува Светска Олимписка Асоцијација (WOA)и зошто МОЌ и Македонија сеуште не е членка,а сме дел од Олимписко семејство – ИОК ?
8. Зошто криете,односно мислите дека криете(сепак спортско неписмени раководни лица одлучуваат за врвен спорт и критериуми за врвен спорт) дека Македонија е под надзор на Антидопинг Агенција – ИОК канцеларија во Приштина-Косово и канцеларија во Софија – Бугарија,поради 10год неможност (немање едукација,медицинска спортска опрема)да формираме сами во Македонија,а дадени се финансиски средства над 300.000 долари?
9. Г-дин Претседател на МОК дали прифаќате Тв-дуел во живо,Вие и Јас (каде и кога ќе посакате на национална Тв) како комплетно на овие прашања би одговориле и целокупна МКД спортска јавност ја дознае вистината за Олимписки Комитет и негово “успешно раководење” за Ваш двегодишен мандат,визија и сенс за постигнување врвни спортски резултати,одржување на светски спортски настани и модернизирање на спортска инфраструктура?
П.С. Во меѓувреме додека ми одговориш за наш Тв-дуел во живо,прочитај што Ти се обврски по Олимписки Кодекс за раководење со Олимписки комитет,ама на англиски го има само,зш на македонски го немате преведено од 2008год до ден денес