Да клубот од Ѓорче Петров – ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ кој моментално е на подготовки во Банско Бугарија, каде се припрема за новата сезона но пред се за европскиот предизвик од лигата на конфренции против БУгарскиот тим и најголемиот клуб во Република Бугарија тимот на ЦСКА СОФИЈА.
Ова денеска ќе биде 4 – ти тест за лавовите каде до сега одиграа два дуели во Кичево како прва фаза од подготовките во Маврово каде одиграа два нерешени дуела, односно:
- против Дрита одигран дуел на 22/06.2022 – дуел кој заврши со конечни 2:2 (одигран во Кичево)
- против Лапи одигран дуел на 26/06/2022 – дуел кој заврши со конечни 1:1 (одигран во Кичево)
По овие два дуела следеше и мала пауза и рекоперација од два дена во Скопје каде тимот подготовките ги продолжи во Банско каде веќе зад нив имаат одигран дуел против тим од Нигерија
- против Мавлон одигран дуел на 02/07/2022 – дуел кој заврши со победа на лавовите од 3:0 (одигран во Банско)
За сега четата на Мухарем Бајрами е без пораз на овие подготвителни натпревари кои навидум не значат ништо но за тренерите значат се, бидејќи се има и нови фудбалери и следи европски предизвик и тоа нималку лесен тим, кој последните 5 години се враќа на старите патеки и верува дека за неколку години ќе атакуваат за влез во групи од европските лиги, сепак збориме за ЦСКА СОФИЈА каде веќе пишувавме лавовите против кого треба да излезат на мегдан.
Во однос на денешниот дуел сие познати детали за секој што сака да го проследи натпреварот има можност на Јутјуб каде ќе има стрим со коментар за 4 – от пријателски дуел за лавовите оваа сезона. Покрај овој дуел лавовите на распоред по овој дуел уште два пати ќе тестираат пред ЦСКА СОФИЈА и тоа со тимовите против Романска Политехника и Стеауа Букурешт. Дуели како и цел овој подготвителен период треба да даде јасна слика на кого може да смета тренерот Мухарем Бајрами.