Да подготовките веќе и скоро да се завршени во три фази Скопје – Маврово – Банско при тоа се одиграа и 6 пријателски натпревари. Шанса добиваа сите и се пробуваа повеќе тактички варијанти, но што може да се пробува кога сега и тимот е променет но најдобар момент е што повторно ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ верува во сите фудбалери кои клубот им е матичен. Трансферот за лавовите делува дека е завршен освен во 5 до 12 ако не пукне некоја бомба, сега и секој сака да игра во клубот кога и самата состојба е подобра веќе неколку години.
Мухарем Бајрами пред голем можда и најголем предизвик во неговата кариера, реално лавовите да ги поминат армејците ќе биде сензација од повеќе фактори, едниот најголем е дека се соочуват со најдобриот и најтрофејниот фудбалски клуб, а дуото во овие 5 години како ГАЗДИ го предводат Ганчев – Стоичков, клуб кој во овие 5 години потроши скоро 100 милиони евра за играчи, враќање долгови како и враќање на довербата на клубот во самите навивачи на ЦСКА СОФИЈА. Но сега засега од овие навидум не битни детали ќе ги ставиме на чекање, бидејќи имаме еден друг сериозен проблем, медиумска подршка со оглед на каква ситуација, пред се мислам на политичката моментална во која се наоѓаме, додека од друга страна сосема легитимно бугарските медиуму малку пецкаат, истражуваат и пишуваат на големо за овој дуел, каде има огромна заинтересираност, кај нас некако само иде муабетот ќе видиш нема да играат во Скопје, вака ќе било или што уште не се пренесува и цитира а при тоа ниедна суперлативна реченица во вид на мотивација за самиот клуб и дуелот кој не очекува.
Со оглед на важноста на дуелот од сите аспекти не од повеќе туку ОД СИТЕ АСПЕКТИ и онаа лиферувана и цитирана и малку менувана изјава дека не сакале да играат во СКОПЈЕ каде само и за тоа се пишува а не и за дуелот, најважно е да ПОМИНЕ СЕ КАКО ШТО ТРЕБА, ама буквлано се, од организација до немање провокација и да не се паѓа на никаква провокација од спортивната страна ако има гостински навивачи, па ние треба да сме ПОГОЛЕМИ од се тоа, и да покажеме на политиката како треба да се преговара и надмудурва во спортот и колку е тој важен, дека секоја политика повторно ќе се повторам и политичар нека дојде во ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ да види единство од сите нации, па сега да паднеме на ТЕСТ дека имаме или го имаме најголемиот бугарски клуб како предизвик во еворпски рамки баш и треба да бидеме поголеми од секоја ситуација која ќе ни дојде во текот на оваа недела.
Колку се важни резултатите на пријателските натпревари и не важно, но важно е што се случувало на терен од проток на топка до создавање прилика и присебност во одбраната, лавовите и Мухарем Бајрами имаат скор или влегуваат во мечот со ЦСКА СОФИЈА со 1 победа, 3 нерешени дуели и 2 порази. Сега е предизивикот уште поголем за ЃОРЧЕВЦИ со оглед дека сега и треба да го дадат најдоброто од себе, за тоа се бореа кога тргнаа во походот да го освојат фудбалскиот куп на Макеоднија.
НЕКА ПОМИНЕ СЕ ВО НАЈДОБАР РЕД, БЕЗ ПРОВОКАЦИИ БЕЗ ПОДЛЕГНУВАЊЕ НА ПРОВОКАЦИИ
Фудбалот пред се, спортот пред се, нити ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ нити пак ЦСКА СОФИЈА се криви за овие политики и случувања и затоа мора се да е надвор од политика, политиканство и секаков вид на провокации. На крајот од денот и во двата табори имаа секакви националности и сите тие се професионалци во својата работа, веројатно политиката како што некогаш кажувам во спортската емисија ПОЛН ПОГОДОК политиката ни ги јаде убавите спортски ликови, потоа така изџвакани пропагираат нешто што не треба да се занимаваат но ете пазарот и цената на таа политика е голема дури и за нас како мало парче земја МАКЕДОНИЈА. Двата клуба се спремни и фокусирани само на фудбал а не на политики.