ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • FLAMENGO – AL HILAL: 3+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » Белгијци на центарот на мечот Македонија ЃП – ЦСКА Софија – Но каде ќе судат?

Белгијци на центарот на мечот Македонија ЃП – ЦСКА Софија – Но каде ќе судат?

17 јули, 2022 14:44 Коментарите се исклучени на Белгијци на центарот на мечот Македонија ЃП – ЦСКА Софија – Но каде ќе судат?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди судиите за домашниот натпревар на Македонија Ѓорче Петров против ЦСКА Софија во рамки на второто коло од Конференциската лига на УЕФА.

Белгиска судиска тројка ќе ја дели правдата на европскиот дуел. Главен арбитар е Брам ван Дриех, асистенти му се Ивес Де Неве и Кевин Монтени. За четврти судија назначен е Кевин Ван Даме.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија е закажан на 21 јули од 17:30 часот, планирано е да се игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, но можно е да има и промена. Промената ако дојде би била во 5 до 12, и ова веќе личи на натпревар во пред натпревар каде и двата тима веќе не знаат каде ќе се соочат поради актуелната политичка ситуација.

ФК Македонија Ѓорче Петров зад себе во овој дуел влегува со пријателски натпревари одиграни во текот на припремниот период, додека нивниот противник ЦСКА Софија веќе има две кола во бугарската ефбет лига каде имаат една победа и еден нерешен резултат, одигран вчера на гостински терен против тимот на Локомотив Софија.

Саша Илиќ тренерот на бугарскиот тим веќе напомена вчера дека неговиот тим не создава многу шанси а тоа во европски дуели може да е кобно, и дека противникот во името на лавовите не е наивен тим и дека ги очекува тежок дуел во Скопје, кој исто така потенцираше вчера по натпреварот со Локомотив Софија дека се уште не го знае местото на одигрување.

Да се надеваме дека оваа сага од тоа каде ќе се одигра овој дуел ќе заврши со утрешниот ден, крајно непотребна нервоза се создава во двата тима околу ова прашање, на крајот од денот нашите власти не би требало да имаат пробелм со безбедност доколку дуелот се игра во Скопје, но…кај нас секогаш е но.

Ако веќе има сага пред самиот дуел нека и овој двомеч биде за паметење на фудбалскиот терен помеѓу двата тима и подобриот нека помине понатака.

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content