Информациите говорат дека во разговор од 10 минути помеѓу двете раководства се билиo решено, мора да се признае и честита на ЦСКА СОФИЈА која покажа голем фер плеј и не ја злоупотреби желбата на нашите власти за овој дуел да биде преместен.
Кога има договор и разбирање се е полесно, сега на нас е да покажеме дека сме добри домаќини и да не заборавиме дека после 7 дена мора да одиме на реванш дуел во Софија, затоа и брзо дојде до разбирање помеѓу двата клуба.
Голем фер плеј пред самиот двомеч е одлична увертира за овој дуел, секој си ја гледа својата шанса и ќе сака да мине понатаму, Мухарем Бајрами против Саша Илиќ.
Иако МВР апелираше овој дуел да се пормени локацијата на одигрување, сега на ред е да покажеме во оваа ситуација големза зрелост и да покажеме дека фудбалот мора да победи, без провокации и несакани инциденти, тоа само како доказ и приказ дека властите непотребно бараа да се промени местото на одигрување, но вистина е дека ЦСКА Софија бугарскиот тим не покажа слабост нити подлегна на тоа само сакаа да знаат и конкретизираат на кој терен ќе се игра. Време е за фер фудбал и фер плеј, конечно во една тешка политичка ситуација повторно фудбалот и спортот победија и поажаа како треба за важни работи да се разговара, секоја чест на двата тима и двете раководства.
На тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров им посакуваме успешна организација и многу среќа во овој двомеч со најдобриот тим од Бугарија, тимот на ЦСКА Софија.