ЦРВЕН КАРТОН
Помина првиот дуел од 2 – то коло во рамките од лигата на конференции, Македонија Ѓорче Петров – ЦСКА – Софија конечни 0:0 во дуел каде лавовите делуваа поорганизирано на терен дури и по црвениот картон кој е за дискусија од страна на Матеус Лемос. Ако се види добро на снимката повеќе гледаме глума од стоперот нс ЦСКА судијата наседна кој беше во позиција да види но не немаше добар преглед на целата ситуација со поставеноста не телото, па по КРИКОТ кој се слушна се слушна и свирката. По црвениот картон може да се забележи дека Лемос е удрен во тој пад од страна на противничкиот играч. дури се гледа и дека Лемос и нема никаков контакт и удар, во најмала рака ова беше престрого досуден втор жолт картон во време кога изминуваше првото полувреме, по фудбалски речник го уништи и онака добриот натпревар. Но тоа не ги спречи лавовите да се борат како што и потенцираше тренерот сите фудбалери беа на висина на задачата и треба да им се одаде признание каде ова реми само покажа како стојат двете екипи во овие моменти пред реванш дуелот во Софија.
ОРГАНИЗАЦИЈА
Во поглед на организацијата на натпреварот со противник во овие моменти од Р. Бугарија можам да кажам дека ова е за чиста 10 ка, па можда нема и никој да го потенцира ова како факт па еве ќе морам колку толку во јавноста да ја прикажам спортската страна, иако МВР барашае да се промени локацијата, ЦСКА покажа фер плеј однос каде во 10 минути и се беше договорено околу тоа каде ќе се игра натпреварот. Добро секогаш ќе се вади нешто од контекст во напишано и кажано па имаше и споредични објаснувања за некои работи за луѓе што не баш се разбираат за фудбал па елабориаа за паролата на ЦСКА Софија кој ги има во нивните книги веќе со години како клуб. Да ремизираме некаде на едно мало место или медиумите во Р. Бугарија го објасниа барем дел теренот каде што се играше “СТАДИОНЧЕТО” имаше движење и проток некаде од 2000 луѓе со публика, домашни и гости, делегациите во ложата, полицијата, обезбедувањето луѓето од ФФМ кои исто така беа десна рака од организациски аспект. Во жарот на играта и двете публики по некоја песна и без провокација на малограѓанство од двете страни, можда минимална неминовно е тоа можам да дадам оценка 10 инциденти 0. За тоа веќе пишуваат и денеска 3 – ден бугарските медиуми во поглед како е пречекан тимот, медиумите и челните луѓе на клубот што е голема победа за клубот од ЃОРЧЕ ПЕТРОВ и нивните челни луѓе во иминњата на Благоја Коцевски и Нено Матевски. Што може да очекува ѓорче во реваншот од овој аспект, па кога подаваш рака во спортска смисла треба и да возратиш сега гостите се на ред односно за неколку дена од сега пред да се одигра реванш дуелот. Имено не беше мала работа 30 колеги од Р. Бугарија да направиш да се чуствуваат како дома, на крајот да ти прикажат видео како се примени е стварно бесценто, некаде од 10 различни медиуми со техничари, сниматели и секако новинари репортери каде покажаа голем интерес за овој дуел, и ниту еднаш не се напипа и спомна политика туку само спортската битка за двата тима,
ПУБЛИКА
Колку карти толку и публика се распоредадено, македонската публика покажа дека сака фудбал иако политиката кажува други работи покажа дека знае да бодри, и знае да се стави во рамки на клубот, ако го сакате и сакате фудбал дојдете на стадион бидете коректни и уживајте, токму и така беше и со тоа треба сите да сме горди од самиот клуб ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ до секој оној кој вчера беше дел за време на самиот натпревар. БРАВО МАКЕДОНИЈА голема победа пред се на сите наслови, притисоци за промена на местото на одигрување како и кои можда не сакаше лавовите да покажаат тоа што го покажаа на терен а тоа следува сека како една мала авторска анализа како и секој што сака да напише збор два за некаков спортски настан, барем во светот така се прикажува како авторски коментар или анализа.
ПРВ ДУЕЛ КОНЕЧНИ 0:0, МОЖАТ ЛИ ЛАВОВИТЕ ДО ЧУДО ВО СОФИЈА
Што и да направи ФК МЃП во реванш дуелот во Четврток нема да е страшно или поразително ако не помине понатаму, во ситуација каде може само да добијат, каде противникот пред реваншто има дуел во Понеделник против Черно Море има повеќе време за анализа, веќе се познаваат 90 минути на терен од тренер до играч, па можда поголем притисок да има ЦСКА Софија. Убаво ќе биде да испишат историја, убаво ќе биде да клуб кој и не толку финансиски моќен да ги следи во европското лето ФК Шкендија и ФК Шкупи кои во овој момент имаат доста поголем буџет за разлика од ФК МЃП. Видовме дека ЦСКА и она што го носи со себе како најголем клуб кај соседите САША ИЛИЌ нема како да го прикаже за да сфатат за да почнат да играат онака како што бара тренерот. Се е отворено во реваншот во тие моменти со играч повеќе нема да издвојувам имиња кај гостинскиот тим иако има по некоја полушанса и еден удар во рамки на голот со играч повеќе, додека беше израмнето на терен, темпото го диктираше тимот на ФК МЃП. Она што ние можеме да го дадеме како завршна мисла за гостинската екипа некако убедено делуваат уште и на прес конференцијата пред мечот се потенцираше директно и индиректно дека во СОФИЈА ќе биде дрга приказна тоа кажува две работи или знаат нешто што ФК МЃП не знае или пак се пресамоуверени дека ќе дојдат лесно до победа во реванш дуелот, тоа ни остави низ текот на овие 2-3 дена како слика од страна на бугарскиот тим. ФК МЃП и Мухарем Бајрами видовме голема мотивација. желба за надигрување, и видовме дека и по црвениот картон покажаа дека играат за тимот, Кристијан Стојковски, Филип Алекосвоски и Фахрудин Ѓорѓевиќ беа некоја моторна сила однсно одбраната и со Личина и Мишевски како централни и Зука како Лев и Илиевски како бекови имаат сите од нас голема оценка, СЕФЕР ЕМИНИ до повредата беше движечка сила и конекотр помеѓу сите линии на тимовите па по повредата тимот го следеше сето тоа и по црвениот картон, што на крај како еден сублимат голема ментална сила во текот на сите 90 минути. Сите играчи покажаа дека се спремни да одговорат на задачите и за тоа треба да им се одаде голем кредибилитет ако се земе дека ФК МЃП и нема многу странци во тимот а игра со МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ највеќе создадени од нив Секако ЦСКА СОФИЈА е фаворит и како убедени дека се ќе биде друго на реванш дуелот ќе биде голема сензација доколку лавовите искочат како победници од овој двомеч.
Како одјава на овој текст до цела македонска фудбалска јавност
ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ОДИ ПО ЧУДО ВО СОФИЈА.
НАПРЕД ЃОРЧЕ НАПРЕД ЛАВОВИ.
Им посакуваме многу среќа во реванш дуелот