Лавовите тргнаа за Р. Бугарија, поточно за реванш дуелот со ЦСКА СОФИЈА. Армејците нивната прес конференција ја имаат закажано за 11:00 часот наутро, додека ѓорчевци официјален прес го имаат во 19:30, додека официјалниот тренинг е закажан за 20 часот.
Натпреварот се игра утре со почеток од 19:00 часот, лавовите имаат шанса да испишат историја доколку направат сензација утре во Софија.
Ѓорчевци веќе покажаа дека можат да се носат со најголемиот клуб од Бугарија, во фудбалот се е можно па со право се надеваат дека можат да направат сензација и тоа право на надеж никој не може да им го одземат.
среќа лавови време е за ИСТОРИЈА.