Пазареа, трампаа, изненадуваа, се носат странци, се воигруваат, припреми, европски дуели се е ова на КУП се става пред почетокот на фудбалскиот шампионат кој започнува денеска, а денеска 31 издание на фудбалскиот шампионат го отвараат тимовите на Струга Трим Љум – Победа со почеток од 17 и 30 часот
Два тима како најсериозни за тронот тука сите ќе се сложиме тоа се Шкендија и Шкупи и тука нема простор за дискусија по квалитет и буџет, но од страна гледано има и други тимови кој се “истресоа” со пари па сакаат нешто повеќе дали ќе остварат ќе видиме како ќе тече сезоната. Останатите тимови се е до ритамот, серијата па ако сакате и стартот на сезоната како ќе го фатат, можда сите тимови се малку потиштени од случајот РЕНОВА но овој фудбалски шампионат ќе брои 11 тимови ќе се игра 3 – кружен систем со тоа што една екипа ќе биде слободна а во ова прво коло тоа е тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров.
За прогнози и кој каде може да заврши нема да дискутираме од две причини, првата е дека зналците веќе знаат однапред које шампион ова барем веќе 10 години се шпекулира пред секој стар на сама сезона, а втората дека тоа е неблагодарно некого да правиме дека е шампион а некој дека ќе се бори за опстанок, прогнозите ќе ги гледаме и анализираме во текот на првенството, сепак не можеме ние СЕ да знаеме како спортски новинари но секоја чест за сите оние кои се вешти во прогнозите.
Интересни два податка велат дека имаме 11 тренери на 11 клубови со македонски пасоши што дава некаков шарм на почеток на ова 31 фудбалско првенство во Република Макеоднија.
Премиерниот пехар во македонското фудбалско натпреварување го освои тимот на Вардар во далечната 1993 година. Вардар доминира со трофеите од ПМФЛ, во досегашната историја има освоено единаесет титули, Работнички, Шкендија и Шкупи (Слога Југомагнат) го следат со четири, а Силекс има три тродеи. Победа има два, а Македонија ЃП и Ренова по една титула.
Од единаесет екипи, ќе има единаесет домашни тренери. Тројца ќе бидат новајлии во однос на минатата сезона – Работнички, Скопје и Победа ќе настапуваат со нови предводници.
Сите тренери во ПМФЛ:
Шкупи: Гоце Седлоски (МК)
Академија Пандев: Ѓорѓе Стојчев (МК)
Шкендија: Артим Шаќири (МК)
Македонија ЃП: Муарем Бајрами (МК)
Струга: Срѓан Захариевски (МК)
Брегалница: Илчо Ѓорѓиоски (МК)
Работнички: Љупчо Марковски (МК)
Скопје: Славчо Георгиевски (МК)
Тиквеш: Влатко Костов (МК)
Силекс: Горазд Михјалов (МК)
Победа: Бобан Бабунски (МК)
Титулата на домашната сцена ќе ја брани Шкупи, а главен предизвикувач и оваа сезона ќе биде некогашниот шампион Шкендија.
Шампиони на Македонија во фудбал:
1992/93 – Вардар
1993/94 – Вардар
1994/95 – Вардар
1995/96 – Силекс
1996/97 – Силекс
1997/98 – Силекс
1998/99 – Слога Југомагнат
1999/00 – Слога Југомагнат
2000/01 – Слога Југомагнат
2001/02 – Вардар
2002/03 – Вардар
2003/04 – Победа
2004/05 – Работнички
2005/06 – Работнички
2006/07 – Победа
2007/08 – Работнички
2008/09 – Македонија ЃП
2009/10 – Ренова
2010/11 – Шкендија
2011/12 – Вардар
2012/13 – Вардар
2013/14 – Работнички
2014/15 – Вардар
2015/16 – Вардар
2016/17 – Вардар
2017/18 – Шкендија
2018/19 – Шкендија
2019/20 – Вардар
2020/21 – Шкендија
2021/22 – Шкупи
Шампионатот оваа сезона ќе брои 33 кола, но секоја екипа ќе одигра по триесет натпревари, заради откажувањето на Ренова во последен момент.
Полн Погодок посакува многу среќа на сите на самиот старт на сезоната, пред се да има добра организација од страна на ФФМ, тимовите да бидат фер и коректни домаќини а гостите да бидат коректни на терен, сите тимови да бидат големи во победа и пораз и да нема инциденти, да нема плачки од соопштенија и да нема провокации и тензии. Секако тука посакуваме многу среќа на сите тимови и да бидат што подобар репрезент на фудбалските терени да гледаме добар и квалитетен фудбал, иако некои од ови работи ќе ги видиме сигурно барем да нема инциденти какви што видовме во ТЕТОВО минатата сезона, ФФМ да биде еднаква за сите тимови во награди и казни и да поработи на спонзор на првенството и секој фудбалер и тим да се почуствува како важна алка како учесник во еден фудбалски шампионат, да не биде само пролазна работа и тимовите да имаат повеќе работни состаноци да ја подигнат лигата заедно со организаторот ФФМ.
СО СРЕЌА ВРЕМЕ Е ЗА ФУДБАЛ ИЛИ ШТО БИ РЕКОЛ ПОЗНАТИОТ НОВИНАР ФАБРИЦИО РОМАНО
ХИР ВИ ГО
HERE WE GO
ФУДБАЛОТ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА.