Видно разочаран тренерот на ФК Шкупи Гоце Седлоски по натпреварот истакна дека нешто фалеше и дека редовите како и измените и моралната ротација на играчи си го направи своето во овој двомеч. Џентлменски го чеситаше поразот до тренерот и тимот на Шамрок Роверс но останува впечатокот дека можевме и моравме повеќе.
Време нема за тага, се обидовме имавме прилики и кога нема да се искористат на 0:0 со тимови како Шамрок Роверс знаат да казнат, потфрливме највеќе во одбраната, 180 минути а примивме 5 гола наспорти дадените 2 кој не се ни утеха, имам право да бидам разочаран и малку лут на играчите но темпото е жестоко на натпреварување, имаме уште една шанса и чекаме противник од двомечот помеѓу Балкани и Класвик па ја имаме и таа шанса за конференциска лига.
Првенството почна, Шкупи го одложи својот прв меч од 1. коло во МФЛ па така во недела од 17ч на нивниот стадион во чаир го пречекуваат тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров, па мора да мислиме и на првенството, имаме тежок дуел како за прв натпревар од 2 – то коло и потоа пак имаме европски обврски, нема да биде лесно но мора да најдеме начин да се издигнеме над целата ситуација истакна Седлоски навчерашната прес конференција по натрпеварот со Шамрок Роверс.