Кој е фудбалскиот Бодо Глимт, можеме да учиме како се создава и успева до висчните на фудбалска Европа. Тимот кој секоја година прави чуда и игра фудбал се надигрува и испишува историја. Легендарните Розенборг, Викинг и Моледе не му се до колена на новиот фудбалски гигант во Норвешка, да збориме за Валеренга и Стабаек од поголемите фудбалски клубови во Норвешка.
Динамо Загреб загуби од Бодо/Глимт со 0-1 во Норвешка, па реваншот во Загреб ќе пресуди кој од овие два тима ќе оди во групната фаза од Лигата на шампионите, а кој во групите од Лигата на Европа.
Норвежаните жалат што постигнаа уште некој гол, велат дека играчите на Динамо биле заморени, а тоа го покажува и податокот дека тимот на Бодо истрчал 11 километри повеќе од Модрите. Динамо се потроши викендов на дербито со Хајдук и немаше доволно сила во Бодо, каде што проблем им беше и вештачката трева.
Во финишот на средбата, Петковиќ имаше супер шанса, но не ја искористи. До 1-1, Динамо ќе беше блиску до ЛШ, вака ќе мора на „Максимир“ да победи со два гола разлика.
Инаку Бодо/Глимт на свој терен ги доби последните 13 натпревари од европските купови и на овие 13 средби има фантастична вкупна гол-разлика од 40-4! Во Бодо паѓаа и една Рома (двапати), АЗ Алкмар и Селтик.
Може ли и кај нас да имаме континуран КЛУБ кој ќе даде мотив и насока за чекор понапред во фудбалските резултати.