ФК Ренова им пресуди на сите тимови оваа сеозна, ги извади од копачки и ги срози сите кои веќе се спремаа за лига од 12 тима, и ете кај нас новитет сакајќи или несакајќи делува конфузно и проблематично не е сеедно за тимовите и кога ќе го додадеме моментот на одредени судсики АПЛА грешки а оправдани од судиската анализа тогаш стартот е конфузен и ќе се обидеме со една реченица да ги објасниме тимовите како стартуваа.
Одиме табеларно според табелата како изгледа така и ќе го подредиме тимовите со коментар.
- ФК СТРУГА ТРИМ ЉУМ – Силен старт, очекувано според засилувањата, ЗАЛЕТАНА СТРУГА
- ФК СИЛЕКС – Сонуваат за некое друго време кога беа шампиони – Одличен старт за кратовчани
- ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Се лизнаа со Брегалница дома, вратија со камата против Работнички
- ФК ШКУПИ – Пресудија прекините против Лавовите, со мислите против БАЛКАНИ
- ФК ТИКВЕШ – Старт со победа, дали следи потврда овој викенд против Брегалница
- ФК БРЕГАЛНИЦА – Не се доволни само пари за да се направи историја во фудаблската игра
- ФК ШКЕНДИЈА – Старт со лизгање денес поправен тест со ФК Скопје
- ФК СКОПЈЕ – Не знаат ни сами како ќе стартуваат се уште не играле официјален натпревар сезонава
- ФК МАКЕДОНИЈА ЃП – Прекините кобни против ФК Шкупи, едно коло е зад нив, мора подобро
- ФК ПОБЕДА – Да не остане само името ПОБЕДА, мора да се победува за да се опстане во МФЛ
- ФК РАБОТНИЧКИ – ДЕБАКЛ, Тежок старт, дебармаалци ненавиканти на гол разлика 0:7 од 2 натпревари.
Мора да се посочи дека на одредени дуели имаше и одредени грешки кои за судиската анализа се неспорни но јавноста не цени така, и до некаде со право, но моментот на ФК Ренова факт е дека тимовите ги извади од колосек, има ли виновници во ваквата поставеност не знам, изморени сме од барање вина и кога ќе се најде да нема правда но факт е дека влијае се ова на тимовите, пропустот е направен а ФК Ренова баш и не мораше до крај на сезона да чека да објави дека нема да игра.
Струга е лидер и е изнендаување, Рботнички е разочарување но сепак ова се само 2 изминати кола, некомплетни и допрва ќе гледаме добри и лоши форими, ќе гледаме добри резултати во серија и изнендаувања, затоа и фудбалот е интересен никогаш не знаете што ќе се случи иако имате свое предвидување.
Да видиме оваа сезона управи, финансии и кој ќе обезбеди најдобри услови за играње, и тоа е натпревар зар не, гледаме 5 тима дека извадија доста финансии и тимови кои заработија од Европа но Брегалница и Струга покажаа ниво на финансии скоро колку Шкупи и Шкендија, ако ставиме дека и Академија Пандев се засили солидно тогаш имаме стртна 5 – КА која сака нешто повеќе оваа сезона.
Во втор план на финансиите се тимовите на Силекс, Македонија ЃП и Работнички додека за нијанса нешто помалку од оваа тројка се Тиквеш, Скопје и Победа.
Но не секогаш победува најбогатиот, и најдобриот, туку посреќниот и подобро организираниот клуб во прав момент, фудбалот е повеќе од игра и не е само од 1 – та до 90 – та минута на терен иако таму е најпотрено највеќе да се покаже и докаже.
ФФМ сериозно да размисли за мотивација на тимовите, фудбалерите и клубовите да даде одредени стимул награди во поглед на играч на натпреварот како и клуб кој најдобро организира натпревари од услови до пречек до заминување на една екипа која гостува некаде, да го покренеме сами фудбалот а потоа сите да очекуваме и да се најде спонзор на лигата – ПОТРЕБНО Е.