ЃОРЧЕ Е ЛАВОВСКО МЕСТО СО ЛАВОВСКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБ, НО СЕЗОНАВА ДО СЕГА… АЈДЕ БРЕ РАЗБУДЕТЕ СЕ… ВРЕМЕ Е!!!!!!!!
Не знам какво време е станувам сабајле рано, ПЕПЕЛ мозокот, мислам дека сонувам освојувач на куп ФК МАКЕДОНИЈА ЃП изгубила од Брегалница.
(НЕСТВАРНО)(НЕСТВАРНО)
КАТАСТРОФА ЛАВОВИ
ФК МАКЕДОНИЈА ЃП е освојувач на фудбалскиот куп на Македонија но ако вака го бранат оваа сезона како што играат во првенството после 4 одиграни кола тогаш нека го вратат одма во ФФМ пехарот, вака нити се брани нити ќе го ОДБРАНАТ. МОРА да се менуваат повеќе работи.
Точно е јас Игор Александровиќ со татко и брат кој играле во тој клуб, со оставен голем белег во тој клуб, и како љубител на фудбалот верно ве и СЕ следи насекаде години наназад, но другари каков новинар сум јас ако не критикувам кога не оди резултатски да ќутам НЕМА.
Затоа што има примери кои читам како фалат кога на некој клуб му оди, онака галамџиски текстови кога некој победува, ама не смеат да критикуваат кога губат тие други клубови, е јас тоа во работната етика нема да го дозволам, ќе се препознаат.
А СЕГА, СЕГА ОДИМЕ ПО РЕД И СО РЕД
Боби Божиновски ЛИДЕРИШТЕ замина, тежина на една капитенска лента секогаш има големо значење и тешко е да се замени, ЕРМЕДИН АДЕМ го наследи, НО вака НЕ, не таа лента лавовска ти си играч искусен и мораш да го понесеш тимот кога не оди, овие натпревари те НЕМА во лидерство на терен. Многу стоење многу беспотребно трчање во празмо но АДЕМ му требаш на клубот, покажи што значи таа капитенска лавовска лента. Искрено мислам дека еден гол ќе те разбуди, ама до тој гол почни да ја будиш екипата на терен.
Арби Воша У-21 еден од најголеми таленти, повреда, операција, враќање, но ако АДЕМ го нема, го снема и АРБИ, голови треба, разлика на терен треба, тоа си го правел и ќе го правиш, самодовербата ти е малку разнишана па те чекаме да покажеш што знаеш затоа што сите веруваат во тебе 100 отсто во тебе, клубот знае дека си давал максимум и знае што можеш и затоа враќај го ритамот на незапирлив што побрзо. МАШИНО пали моторот на НАЈЈАКО.
Време е Господин фудбал да добие и критика, како тренер и личност кој многу го почитувам, дојде време да биде критикуван, да секако тоа е тренерот Мухарем Бајрами, и се надевам дека ќе сфатат сите позитивно, ова се што пишувам и дека не е лесно да се пишува критикува особено клуб кој следиш (КАЈ НАС) нас и дека е со најдобра намера.
Мислам дека е време и треба да излезеш од “ШАБЛОНСКА ПОЗИЦИЈА” на терен и да играме да дадеме гол, па и втор и трет НО НЕ ДОМА, на домашен терен, туку она лани со Струга, ама па тука пак СЕФЕР ЗГАЗИ ја ПРАВИ и направи разликата, па СЕФЕР е ЃОРЧЕ ама мора да се игра и без него кога го нема зар не господин фудбал.
Кога зборувам за ШАБЛОНСКИ ФУДБАЛ оваа сезона има ситуации кога примат топка ѓорчевци другиве стојат го гледаат, нема демаркација во простор нема свежина во протокот на топка, мора подобро и мора некој да му каже на ЛЕМОС после црвениот картон со ЦСКА СОФИЈА се загуби на терен сезонава.
И да ќе бидам благо критичен само затоа што емоциите преовладуваат додека пишувам, зошто не сте биле во клубот кога бил 2 лига, раб на 3 лига и кога немало трошка за јадење и капка вода за пиење, сега нај новинарски прашувам па дали се проблем платите??????, се е исплатено, или не е, дали се проблем премиите, се е исплатено, или????? па ФК МАКЕДОНИЈА ЃП по ланските 4 месеци кога никој не можеше да го победи, и освојување на купот, “ВИЕ ЛИ СТЕ”? или сите летнавте високо и ги имате сеа оние маалски муабети низ градов во стил:
“ШТО ТИ КАЖАВ А, ДЕКА ЌЕ ПАЃААТ, ПРОПРАТЕНО СО МИЛИОН РЕПЛИКИ И СЦЕНАРИО КАКО ЗНААТ ЗОШТО НЕМА РЕЗУЛТАТИ НА ПОЧЕТОК НА ПРВЕНСТВО ТО”.
Господин фудбал имаш однос ОДЛИЧЕН, како тренер па мислам дека е време да им кажеш на сите први 11 и резерви дека ако играат НА ОВОЈ НАЧИН дека се МЕНЛИВИ, па сетете се само на Тиквеш дуелот со деца младинци кадети и двајца искусни на терен, пак ќе прашам “ВИЕ СТЕ ТИЕ” кои немавте пораз 4 месеци навикнаа, или пак навикнавте висок статус и лагодност играм ја во прва постава, зар не?
До кога ќе ги чекаме и новајлиите да покажат нешто, Илиевски, Пецов, Мена, Зука, сите сте играле прва лига само бојата на дресот е сменета, така ли се заборава фудбал?
Вие кои не сте спомнати не сте подбрани во овој текст само затоа што и онака е доволно со доста критики а, и вие сте за критики, па коа ќе го читате средете ги главите, на терен фудбал и ништо друго.
За крај верувам дека ќе се подобрите и дека ќе промемите ритам, и дека сега коа ќе дојде дуелот со Работнички ќе ме демантираше, ама не само на тој дуел текстов не е за еден дуел да се напалите и победите туку да бидете лавови низ целата сезона, и да ме демантирате секој натпревар со победа, ама не еден или два, дајте од тоа ЛАВОВСКОТО во вас па покажете дека можете и над 4 месеци да бидете без пораз, АЈ ДА ВЕ ВИДАМ сеа, дали ќе се смешкате додека читате или ќе ЗГАЗИТЕ на терен.
Од мене до играчите жолт картон, до сите и тренер и тренерски стручен штаб за старт на сезонава, а како ќе биде понатака ќе видиме.
Правилата ги знаете кога газевте бевте кренати до МАРС, ама заслужено, додека другите бледо пишуваа во стил па што ако не се поразени толко време а, се ситат кога не оди, јас критикувам оправдано сега со право, со она исто право кога ГАЗЕВТЕ.
ПОЗДРАВ ЛАВОВИ.