АЛО ЃОРЧЕ ИМА ПРОБЛЕМ, ФУДБАЛ, ГОЛОВИ И БОДОВИ ТРЕБААТ.
ФК МАКЕДОНИЈА ЃП новата кампања од првенството ја почна лошо дури полошо и од минатата сезона, и кога требаше да се види дека оваа сезона со поголем ростер треба да се горе на табела тие се доле. Добро има оние што се ситат што сакаат да се наситат со симит погача само некого да пофалат или критикуваат, сега можда им е душата на место, затоа што беа кисели фаци коа ФК МАКЕДОНИЈА ЃП ЌЕ ГО освои купот, па ќе си земам за право да напишам од критика до пофалба, сепак Ѓорче е освојувач на купот на Македонија и ваков однос не смее да биде изразен во бодови, вака момци НЕ, и ве молам без изговори дека некој е крив тоа во ФК МАКЕДОНИЈА ЃП нема, не постои, нити па поплаки дека судии не газат, а не газеле и сме навикнати случајно или пак (НЕ)случајно да грешат, па не сакам да слушнам дека црвениот картон е причина за поразот од Силекс иако тешко се игра со играч помалку.
ГОЛОВИ ТРЕБА ЗА БОДОВИ
За да победиш треба да дадеш гол повеќе од противникот, тоа Ѓорче го нема сезонава, а треба да го има, лани со 14 играчи немаа пораз 4 месеци, и се освои купот, сега со подобар ростер и поголем пак се повторува ланскиот шампионат дури и е полош. Па да го вратиме ако не Сефер Емини и вечно да го држиме во клубот, нешто не иде, тимот се бара на терен, проблеми има, зборам играчко тактички ама во тоа нема да навлагам, ПОТЦЕНЕТ сум од она што јас го гледам како грешка на терен, и не само за овој тим и натпревар, воопшто и на другите кога ќе дадам воја анализа. Не го гледав натпреварот само хајлајтс кој ќе кажам ФК Силекс победи и честитки за добриот старт на сезоната.
ЦРВЕН КАРТОН
Да се нафрла вина врз Лазаревиќ верувам нема за црвениот картон не е стил на клубот од играчи до управа ама дека е престрого доделен и тоа како, па сега и по еден ваков епилог сите би се сложиле дури и противниците дека е престрого доделен, имало оваа сезона симулации по повеќе пати од одреден играч па му се простувало итн, итн, но ова сезонава стана практика оние мали судиски детали да го извадат Ѓорче од колосек од натпреварот џсетете се само со Брегалница чист пенал е досуден надвор џпа судиската анализа при ФФМ немаше како да одбрани во овој случај како што оваа сезона ги брани на најјако судиите иако имаат очигледни грепки на натпреварите. Фудбалот е како кармата се она што клубот го сакаше лани во име на среќа, сега иде во спротивен правец од среќата и прашање на време е до кога ќе трае.
За Стефан Лазаревиќ можам да кажам дека е еден од најдобрите десни бекови ЛОКОМОТИВИ во прва лига о потценет да не добие шанса за репрезентација, кој е неуморен во работата на терен па се случува лош ден, црвен картон, па “ШТЕФ’ заборавај побрзо и врати се посилен му требаш на тимот побрзо назад, а за судиите не е стил на Полн Погодок да дава оценки ама дај дисциплина ваква нека има и на други екипи и играчи коа има и полоши ситуации од овие.
БОДОТ ОД ШКЕНДИЈА ВО ВОДА ПРОПАДНА
Баш така топло-ладно се почна и сега е проблем да се најде победничка 11 – ка, и формула за добар ритам и игра, во Тетово ја имаа и дојде голем бод за малку и победа, ама да се губи во Ѓорче тоа е недозволиво, услови перфектни, терен тепих, секогаш екипите пречекани со сите нишани, па да се расфрламе со бодови на кванташки пазар и тоа не иде во склад со клубските амбиции, кои треба да се победи мора веќе да почне да се победува. Нема да фрламе критики по стручен штаб и играчи иако во правите анализи во опис на еден натпревар се неопходни, (ако ме верувате погледнете класа новинари кои се клубски новинари па прават целосни описи и анализи на еден дуел), па не знам дали е црвено светло за некого во екипата, ама знам дека мора да се победува и не сега само на домашен кој беше пракса, туку и на гостински терен, зошто? Премногу бодови се фрлија на “САСТАВ” со евтина цена.
Каква тежина има бодот од Тетово после овој пораз, НИКАКВА.
ТРЕНЕРСКИ ОДБРАНИ, ТРЕНЕРСКИ ТАКТИКИ АЛА ПЛАЧКОВ ДА НЕ ПРИМИМО ДАЧЕМО???
Последниве 10 години се гази на одбрана, бркање резултат, и прво да не се прими гол, (ТОЈ ФОКУС СЕ ФРЛА ВРЗ ТИМОВИТЕ И ИГРАЧИТЕ) и да се надеваме дека ќе дадеме. Ништо ново не е забележано, тренери доаѓаат и си одат заедно со играчи но сите мислат да не примат гол, не да играат фудбал туку да не примат гол, и многу кратко тоа трае таа тактика и тренерскот стаж, вратете ленти, погледнете натпревари ќе видите, тактика да не ПРИМИМО ДАЧЕМО. Тука одавам аплауз на Шкендија која едно време во ритам и форма не само што се надигруваше туку играше фудбал за чиста 10 ка, другото е се фрлено на одбрана па коа ќе излеземе во европски претквалификации не губиме туку главите не знаеме каде ни се, па после паѓал европскиот коефициент епа паѓал, затоа е време ЃОРЧЕ ФУДБАЛ ДА ИГРА не да мисли на тоа дали ќе прими гол.
НЕ ЈА МИСЛЕТЕ МНОГУ И ПОБЕДИТЕ ЌЕ ДОЈДАТ, ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ.