КЛУБОВИ ИЛИ КЛУБЧИЊА, СИТЕ ИНВЕСТИРААТ И БАРААТ ПОГОЛЕМ ВАУЧЕР А НЕ ОБЈАВУВААТ КАКВИ ПЛАТИ СЕ ДЕЛАТ
Седум кола зад нас во ПМФЛ пред куп пресметките во Среда од првата рунда, финалистите Силекс и ФК МАКЕДОНИЈА ЃП ЌЕ чекаат после оваа прва рунда противник.
Интересен или неинтересен фудбалот, посетен на стадиони или не, фанови, фан шопови и маркетиншки трикови ала Елон Маск НФТ, биткоини уште малку платата можда и во струја ќе се дели пошто влезени сме во енергетска криза.
Клубовите знаат да бараат повеќе од она што им го дели општината и ваучерскиот систем, има клубови кои не добиваат ништо па тераат сами, но на крајот од денот во јавноста нити сме виделе колку вложуваат нити па какви плати се делат на фудбалерите и тренерите во МАК – ФУДБАЛОТ ама за сликање со листот на маса и насмевки е тука сме светски шампиони.
Транспарентноста е катастрофална, нити со објава на годишен буџет со план како ќе се распредели нити со прилив од каде клубот црпи средства за да дели плати, и да е потрагично тренерите земаат повеќе од фудбалерите, затоа и гледаме секакви “игранки” по клубовите.
ТЕМА НА КОЈА НИКОЈ ДО СЕГА НЕ ВИКНАЛ, ЧЕКАЈ ОД КАДЕ И КАКО ФУНКЦИОНИРАТЕ, ВАЖНО ИМА ИМА ЗА СИТЕ.
Има клубови каде општината ги храни со по 9.000.000 милиони денари, и уште 6.000.000 ќе земат ваучер е добра каписла да глумите дека сте спортски директор на некој фудбалски клуб и да си правите реклама дека сте способни да носите играчи и продавате.
Но тема за која треба некој друг да се праша за професионална работа, освен клубовите и оние кои тоа им е работа да видат какви пари влагаат и излагаат во текот на една фудбалска година, затоа седете имате КЕЦ сите за вашите транспарентни подвизи годишен прилив одлив и на име на плати колку ги цените нашите фудбалери.
Идеме за крај најава за уште една тема од стари “ЗНАЛЦИ” во тренерскиот занат доста вртите и се местите некаде каде што некој тренер ќе замине сам или ќе се раздели затоа што клубот веќе гледа дека нема ефект да биде. Се убивте години наназад да сакате да тренерувате па гледате никој не ве бара па вртите и се местите како топка за пенал да се активирате, не за друго помаливе или помладите дечки никако да дојдат на ред па ајде рентај лиценци итн, уште една тема за која допрва ќе пишуваме и збориме во полн погодок.