ФИНАЛНИ ПРЕСМЕТКИ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ
Денес во куќата на фудбалот селекторот на А фудбалската репрезентација Благоја Милевски го објави списокот за претстојните дуели со Грузија на гостински терен, и со Бугарија на домашен терен како последен натпревар од лигата на нации.
Благоја Милевски беше донесен за да го продолжи патот од Лигата на нации како еден вид олеснителна шанса од страна на УЕФА за селекциите кои тешко играат во регуларните квалификации.
Чудо е потребно да завршиме како први на табела и да влеземе во бараж систем за уште едно големо натпреварување но изгледа пред време се видовме на тоа 1 место каде сега е селекцијата на Грузија.
Повикани фудбалери за овој циклус
Голмани:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана:
Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Ворскла, Украина), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
Среден ред:
Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Аријан АДЕМИ (Динамо Загреб, Хрватска), Енис ФАЗЛАГИЌ (Дунајска Стреда, Словачка), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија);
Напад:
Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Барнли, Англија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија),
Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија);
Проблеми и незадоволство од одредени играчи, Чурлиов денеска ќе се чека денеска псоле дополнителниот преглед. Се наоѓаме во транзиција и освежување на селекцијата, дел од фудбалерите немаат клубови и истите тие скоро најдоа што значи дека се во слаба форма сем Аријан Адеми и Стефан Ристовски како и Бојан Миовски и Милан Ристовски.
Потребен ли е рез и тоа подлабок во репрезентацијата доколку не се пласираме на 1 – то место е прашање за анализа, односно потенцијални репрезентативци кои ќе имаат шанса да се намтентат кај селекторот во иднина на неколку пријателски натпревари.