ФК ВАРДАР Е МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНИЈА Е ФК ВАРДАР
Добар е овој ФК Вардар, иде нагоре, извира по потонувањето во 2 лига, но најдобар сегмент е дека е прв на табела, ауууу па после 3 години од кога на трибини на името, играчите и управата и тренерот секаде каде ќе гостуваше се МУ НА**АА каде сум слушал зборови изреки што здрав разум прво не може да ги помисли а не пак да ги искаже. Еј после 3 години мирисот на ПРВО МЕСТО е сладок момент сегмент од управа до стручен штаб и секако и играчи кои растат заедно со тимот.
Додека знаат да криткуваат управа, како само се бори да се снајде за СЕ и да се има СЕ да се подреди на тимот за дојде толку посакуваниот резултат, 5 кола поминаа и се заврши овој првичен циклус и пауза која следи поради репрезнтацијата на Македонија. Мислам дека треба време за да дадеме малку АНАЛИЗА прво да слегне дуелот од СТРУГА против КАРАОРМАН и публиката која не беше на НИВО ама затоа чиста 10 ка за КОМИТИ и ПАТКАРИ за нивното навивање за клубовите па потоа и во еден дел заедничко навивање секоја чест МОМЦИ МАКЕДОНЦИ.
Не знам дали ќе бидам првиот ама дека УПРАВАТА која е цело време на МЕТА на сите, ќе дадам пофалба, поради прво што се нафатија, второ и покрај неуспехот лани делуваат помотивирани знаејќи што значи или што се нафатиле со која тежина е ФК ВАРДАР, поискусни за една година би рекол сега нема случајности иако на терен треба се, УПРАВАТА не игра фудбал АМА диригира ФУДБАЛ, се надевам ова диригира ќе ме сфатите, мислам на финасии, играчи, спонзори, тренери, професионализам итн. Делува овој ВАРДАР дека може, и чекор по чеко, се гледа дека притисок нема, како голем тим прифатија пораз наречен ВТОРА ЛИГА и сега на нив е да го претворат во победа наречен ПРВА ЛИГА.
Само една паралела за крај, го гледав, следев тимот кога испаѓаше, беа тоа други околности можда и политички, гледав заминувања на најдобрите и играње со МЛАДИ кои им се искина душата тогаш, гледам и сега некои нови момци спремни на СЕ на терен и некои кои знаат што било да си НА ВРВОТ и сега во ВТОРА ЛИГА, на крај ПОТОНА НО ВАРДАР Е ТОА ИЗВИРА И КАКО ТАКОВ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕШ НА ТРОН И ШАМПИОН, тоа е обврска на ФК ВАРДАР како најтрофеен фудбалски клуб ВО МАКЕДОНИЈА
ОД МЕНЕ ТОЛКУ – ОДЈАВА
ЕДЕН Е ВАРДАР.