И секако мора да се биде правичен реален во фудбалските случувања, инаку брзо одат сомнежите и етикетите, па како слободни новинари со критики и пофалби без влакна на јазик, но во рамки на културата и манирите така ќе се однесуваме и овој текст.
Да точно се работи за ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Лавови значи можете и можело, каков потик пред 2 неделната пауза, голема победа во Струмица против Академија Пандев, односно лавовите слобдно можеа да имаат на конто дупло победи но ете сезоната почна како лани со пад, односно после Европскиот настап за кој не смее да се има изговор, мал ШОК беше заминувањето на СЕФЕР ЕМИНИ па тимот мораше да се бара за да се најде во КОЛОСЕК.
ИДЕМЕ СО РЕД И ПОРЕДОК
Беше на терен топло ладно и затоа дојдоа и порази нешто послаба игра, за која некако се насетуваше но сепак тоа е сосема нормален процес во нештата на фудбалот. Пораз од Силекс дома, нерешен резултат со Работнички се дел од момент каде се испуштија бодови, но тоа е зад Мухарем Бајрами кој наиде прв пат на проблеми по ланската сезона во која 4 месеци беше без пораз, и добро како и секој тренер беше на критика со неколку играчи за кои се надевам дека ја прифатија најдобронамерно, но уште еднаш ќе честитам на големата победа во Струмица против Академија Пандев прав одговор на моите критики и се надевам дека после дво неделната пауза ќе бидат во истиот ритам.
ИГРАЧИТЕ
Па што да кажам за лавовите на терен, од каде да почнам, ајде од новајлијата Стоилов за кој ќе се обидам да спомнам неколку имиња со мали епитети.
Стоилов – Буквално се виде мотивацијата против неговиот стар клуб, и се гледа дека за брзо време ќе фати добар ритам на средина на теренот кај лавовите.
Стевковски – Пантер, Супермен, брани се што може да се одбрани коа ќе влезе во ритам, тоа го видовме лани, го гледавме и во Струмица и против Шкендија и тоа е нешто за кое треба и селекторот Благоја Милевски добро да отвори очи, сепак ЗАСЛУЖУВА повик зарем не СЕЛЕКТОРЕ?
ВОША – Некако ми се чини најдобро ја прифати критиката на ПОЛН ПОГОДОК не дека се соменава некој во неговите квалитети но МАШИНАТА кај АРБИ коа ќе се запали, тешко се стига, и тешко застанува на терен, неуморен, ми се чини ако каже МУКИ дека треба да е голман тоа и ќе биде за тимот, КЛАСИКА од тимски играч, работник на терен, репрезетативец У – 21 кој гази на терен, одличен мајсторе продолжи во тој и уште подобар ритам.
СТОЈКОСКИ – Прав капитен, онака од ЃОРЧЕ лабав, лесен чекор, и коа ќе ја закопа во ГОЛ закопана е, впрочем тоа го видовме со АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, му требаше голот, на него, на тимот, на тренерот на СИТЕ, за голема победа, за голем можда пресврт во тимот и најава дека пак можат до големи нешта оваа сезона, ако играат на овој начин тогаш тешко ќе им биде на сите тимови, БРАВО ПАЦО…
МИШЕВСКИ – Колку само лани го анализиравме овој СТОПЕР на лавовите, каде треба таму е, каде треба да ја избие е прв да стави глава каде не се става и нога, каде треба да покрие и удвои, па нормално тука е МИШЕВСКИ, ми се чини некој да извдади статистика од лани па и оваа сезона на добиени дуели и освоени топки, без они избиени во некои комплексни ситуации дека ќе биде на прво место, ама некако и за него имам чуство дека може да биде уште подобар а има репрезентативен калибар, ама селекторот прво не сметаше на наши играчи од МАК ПРВЕНСТВОТО, па сега некако како АЛИБИ за со Грузија повика ДУРИ 4 – ца, од кои еден е повратник во името на Љупче Дориев. Мишевски е прав командант на одбраната на лавовите тука нема збор, нема дилеми, ако имате можност да ги гледате лавовите сете се на овој текст само.
ПАУЗА ПА СТРУГА ТРИМ ЉУМ
Пауза поради настапите на А фудбалската машка репрезентација па после на 02.- 10 – 2022 ДОАЃА лидерот Струга на чело со Захариевски, па подобар момент на испит за лавовите и секогаш добрите дуели кои ги имаат овие години е предуслов за добар натпревар. Но овој дуел носи и други нешта, Струга нема пораз, лесно победува, го имаат БЕСАРТ ИБРАИМИ и се ова погоре напипшано треба да го потврдат со победа, а победа ќе значи и прв пораз за СТРУГА која е незапирлива оваа сезона. Па дали тимот кој прв ќе нанесе пораз на СТРУЖАНИ се ЛАВОВИТЕ е само една мала најава пред овој дуел, на кој ќе направиме и анализа ден пред натпреварот, по мене вистинско дерби, кој не гледал во живо што носат овие дуели пропуштил стврано МНОГУ.
ТРИБИНИТЕ ПА АЈДЕ ЃОРЧЕВЦИ, АЈДЕ ЛАВОВИ, АЈДЕ СИТЕ НА СТАДИОН ЗА ПОДРШКА
Е па ајде лавовите на терен, ама и лавовите на трбина ќе требаат за ова да биде комплетен успех и старт на месец Октомври во еден убар ритам и продолжување на победата од СТРУМИЦА, публиката треба да биде 12 играч на овој дуел, па треба сега баш сега треба ПОЛН СТАДИОН за ПОЛН ПОГОДОК на лавовите. СИТЕ НА СТАДИОН е мојата порака како ПРВ критичар но и ПРВ кој треба да го пофали тимот, играчите, СИТЕ НА СТАДИОН, СИТЕ ЗА ЛАВОВИТЕ ЗА дуелот против СТРУГА, откажувајте семејни ручеци, дојдете си не пред натпревар, еден час пред натпреварот, земете, деца, внуци, жени и покажете дел од традицијата која ја носи ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СО КЛУБОТ ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ОД МЕНЕ ТОЛКУ – ОДЈАВА СО
НАПРЕД ЛАВОВИ