АЈДЕ МОМЦИ, НАЈАВЕНАТА ПОБЕДА ОСТВАРЕТЕ ЈА!!!
Пишува: Игор Александровиќ
Од Македонија, Скопје, ха ха ха, (сарказам левел 1000).
Многу најава или многу најави за алиби, во група каде требаше да сме први а не сме, бараме весели матаметики и бајки од Ханс Кристијан Андерсен. Добро е што се размислува на висока победа но лошо е што повреда, повредите на главни фактори во репрезентацијата за овој циклус ги нема, снемува, ќе дојдат ќе се вратат.
Сите сакаме да ја почитуваме професијата пишување во вид на новинарство но дали е така, се изназборевме дека во оваа група ќе има прошетка, но ГРУЗИЈА на градски не врати на фабрички подесувања, увидовме дека е преголем залак да се фати два циклуси на ЕП, е сега тука е подложно на анализи и аналитички, дали МРМЕ ја прегоре У-21 на Боби па сега таа делува прегреано не знам, ама дека од типот сме играле најдобар најубав фудбал малку ќе треба селекторот да ја испочитува и јавноста кога коментира на социјалните медиуми, барем таа подобро гледа од нас новинарите кои СИТЕ сакаме дури и во успех да најдеме простор за критика.
Дека не е се така црна или сиво, дава надеж дека ете појдовна точка е дека мислиме на победа, како ќе ја направиме ќе треба Милевски да покаже денеска, а дали ќе им вратиме со 3 КОМАДА или повеќе гола разлика за после да бркаме чудо исто така ќе ВИДИМЕ. Но чудото мора да започне од денес нема време завршува лига на нации.
Дали НЕ ДАЈ БОЖЕ после ако не завршиме први во оваа лига на нации после ќе се “ПЕРЕМЕ” на пријателски или стварно ќе пробуваме фудбалери кои има што да дадат на терен и ќе с еменува репрезентацијата од матрицата која ја гледаме подолг период ќе видиме или ќе биде само АЛИБИ повик за нив каде времето ќе даде многу одговори.
Проектот БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ 2026 дека ќе одиме на едно големо натпреварување одамна е започнат.
ЛИГА НА НАЦИИ која УЕФА баш им кажува на репрезентациите до каде им е лимитот веќе си тече, она што е добро си грми како проект од финансии и дава шанса на послабите селекции да испишат историја, ние ја испишавме но историјата е само историја од спомени а традиција на циклуси на големи натпреварувања се заработува на терен, и само на терен. Најавивте победа ние ја чекаме, најавивте чудо направете го и не заборавајте сите таму играте за еден
ДРЕС ЗА МАКЕДОНСКИОТ
ЗА РЕПРЕЗЕНТСЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА,
ЗА МАКЕДОНИЈА.
Среќно Момци Македонци.