По репрезентативната за нкоего бајка, а за некого кошмар но сепак е добро и сме на прав пат фудбалски кажано од селекторот Благоја Милевски се враќаме на домашниот шампионат.
Овој викенд се играат натпреварите од – 8 то коло, додека за некои од тимовите е и 9 коло од причина што не биле се уште слободни, поради откажувањето на ФК Ренова и со тоа се искомплицира целата ситуација околу првата македонска фудбалска лига.
Струга на испит кај лавовите, стружани се уште непоразени па ќе бараат и 9 победа бо низа, но лавовите во голем императив во победа и го отвараат ова коло каде сигурно ќе се обидат да дојдат до 3 – те бода, супер интересен дуел во најава па ова може да се каже дека е дерби на колото. Ова ќе биде и одличен тренерски дуел Бајрами против Зхариевски, во последните 3 години овие дуели нудат доста добри но и конторверзни моменти во однос на случувањата на терен и судиските грешки кои се правеа, да се надеваме дека на овој дуел ќе ги нема, иако ФК Македонија Ѓорче Петров евдинетно е на 2 натпревари доста добро е казнет од невнимание на судиите.
Во Сабота исто така во Штип не очекува добар дуел, каде ќе гледаме залетана Брегалница со топло ладна форма го пречекува тимот на Работнички од Скопје, она што е важно во најава е дека Работнички бара промена на ритам и резултати, па со последните промени во клубот ГАМА – ТИНТЕ, аут, МИЧКА – БАЖЕ ин, односно Станковски и Игњатов заминаа додека Илиевски и Илијоски дојдоа како засилување на тренрските позиции, па ќе видиме какво деби ќе имаат иако Штип е многу тежок терен за играње.
Неделните дуели започнуваат од 15 часот а фудбал ќе се игра во Скопје, Кавадарци и Прилеп. Шкупи во нов ритам со староновиот тренер во името на Гоце Седлоски ќе се обиде да победи против залетаниот Силекс на Горазд Михајлов, дуел кој ќе покаже дали Шкупи може сезонава да стигне до Струга или пак Силекс сака до крај да се бори за местата во Европа, ова е и најинтерсниот дуел во Недела.
Во Прилеп каде секогаш живеат за бубамарата и фудбалската игра, се очекува повторно полн стадион за обид за полн погодок против реновираната Шкендија во поглед на структура на клубот со спортски директор и тренер, Ќато дебитира па во добро старо познато маало имаше време да се регрупираат тимски, каде знаат дека ги очекува тежок дуел во Прилер против Победа која има една цел оваа сезона а тоа е директен опстанок, за тоа да го достигне мора да победува на што повеќе натпревари на домашен терен, како што ја победија штипска Брегалница.
Кавадарци или тимот на Тиквеш каде се увиде дека е тешка средина за тренерите и дека подобро функционираат без официјален тренер, односно како ВД го имаат Ѓорѓи Мојсов кој до скоро и беше капитен на тимот од Кавадараци. Секако почетната цел е диркетен опстанок но ете некои победи кои ги донесоа во добар ритам им даде засега мирна позиција на табелата надевајчи се дека ќе го продолжат против тимот на Скопје кој најверојатно е еден од главните кандидати за испаѓање оваа сезона, па може да се каже дека Тиквеш е фаворит на овој дуел.
САБОТА – 01.10.2022
14 ЧАСОТ – ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 – ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ, СТАДИОН ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
15 ЧАСОТ – ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 – ФК РАБОТНИЧКИ, ГРАДСКИ СТАДИОН, ШТИП
15 ЧАСОТ – ФК ШКУПИ- 1927 – ФК СИЛЕКС, СТАДИОН ЧАИР
15 ЧАСОТ – ФК ПОБЕДА – ФК ШКЕНДИЈА, СТАДИОН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
15 ЧАСОТ – ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци – ФК СКОПЈЕ, ГРАДСКИ СТАДИОН КАВАДАРЦИ
ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА ЗА ОВОЈ ВИКЕНД СЕ
Одредени се судиите во Првата фудбалска лига за 9 коло. Средбата Брегалница- Работнички како главен судија ќе ја суди Александар Грујовски, Кичево.
Во останатите средби ќе судат Тиквеш- Скопје, Стојанче Стојанов, Штип,
Шкупи- Силекс Јован Качевски, Струга,
Победа- Шкендија, Стојанче Трпчевски, Кавадарци,
Македонија ЃП- Струга Александар Ставрев, Скопје.