Следи спортски викенд, по случувањата на првото коло од 2 – от круг на натпревари во ПМФЛ ќе се одигра редовното коло овој викенд во ПМФЛ и ВМФЛ следат интересни дуели во двете конкуренции, но викендот е спремен и за другите спортови и спортски борилишта.
Денска со почеток од 18 и 30 имаме и нова емисија на Полн Погодок односно што сними нашата камера на патеката на Серес во Грција и како го проследивме нашиот шампион Христијан Бузалковски, додека во Понеделник секако дека ќе имаме интервју во ЖИВО и со тоа комплетираме дубл емисии за мотоспортот како и секогаш на страната на спортот каде вреднуваме дека треба да бидеме, за разлика додека едни се на самити за спорт и фрлаат демагогии што треба за себе да се промовираат ние сме на местото на случувањата како и секогаш.
Па ветуваме поактивно и на нашиот сајт во врска со спортските информации и спортското известување, се обидуваме да стигнеме на сите полиња но некогаш распоредот ни е пренатрупан.